|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Тајната на малото црно фустанче

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Сакав да бидам средена и така убаво заоблена. Посакав да изгледам модерно, шик и заводнички. Меѓутоа, во продавниците наидов на мал проблем - што ли да купам?

image
/11


Пред две години  кога бев бремена, бев една од оние среќници кои уште во петтиот месец од бременоста ги носат своите панталони и сукњи (со откопчaно копче...). Меѓутоа, преку ноќ ми се зголеми стомакот и морав набрзо да се соочам со неизбежното купување на трудничка гардероба. Без тоа сепак не се може.

Сакав да бидам средена и така убаво заоблена. Посакав да изгледам модерно, шик и заводнички. Меѓутоа, во продавниците наидов на мал проблем - што ли да купам?

Да не зборувам за тоа во каква неприлика се најдов кога требаше да се облечам за посебна  вечерна забава на која бев повикана. Не сакав да изгледам како насукан кит или шаторот на комшијата, а ниту да купам нешто што после прославата само би ми стоело во ормарот и никогаш не би видело дневна светлина. Тогаш ми светна. Се сетив на вечното мало (во овој случај не баш така мало) црно фустанче, се задлабочив во него и заклучив дека е навистина толку корисно како што пишува во секој моден прирачник.

И затоа, драги трудници, црното мало фустанче ви го препорачувам и на вас! Во продавниците со трудничка гардероба сигурно нема да го најдете. Можеби ќе имате среќа да го најдете во продавници со „нормална“ гардероба. Еластично, од пријатен материјал, со ликра или еластично, со малку поширок крој, едноставно, не премногу шик, кое со малку фантазија од удобно и практично фустанче за секој ден може да направите прекрасна вечерна креација.

Како? Тајната е во модните додатоци. Најнапред охрабрете се и наместо дополнителни делови на гардероба, дозволете си неколку добри додатоци кои ќе ги носите и кога стомакот веќе нема да биде тука. За секој ден, задолжителни се мокасини или други удобни, ниски чевли. Храбро изберете - виолетови, златни, зелени, розови, портокалови, било какви, само да се силни бои.

Додајте и голема, подобро кажано огромна торба, шарен шал, необична нараквица или долг ѓердан и обетки. Боите на човекот му даваат енергија и влијаат на расположението, затоа додатоците бирајте ги во боите кои ги сакате и меѓусебно комбинирајте ги во хармонични целини или потполни контрасти. Не заборавајте дека голема торба е добра инвестиција која и тоа како добро ќе се најде кога ќе стигне бебето.  Познато ви е она - уште малку простор за пелени или шишенце.

На ред се хулахопките. За студените денови изберете волнени, топли - во такво време смееме малку да заборавиме на модните заповеди. За вечерните прошетки побарајте најлуди, секси хулахопки со шара која ќе предизвикува зависни погледи. Уште ако ногата може да ви влезе во чизми (може и оние од минатата сезона), и ако на гради ставите преубав бисерен брош и се сетите на малечката торбичка со шљокици, голема доволно за да во неа ставите кармин,телефон и паричник. Истакнете ги јаболчниците и усните, ќе бидете како права ѕвезда, подготвена да предизвика восхит и воздишки.

И уште ова. Нема врска ни ако црната не е ваша боја. Изберете ја онаа која вам најдобро ви одговара. Само, тоа со додатоците и добрите чевли не го заборавајте. Се е вистина. Ако не верувате, обидете се.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Ако немате утринска мачнина, носите машко ...
Дали е вистина дека ако немате утринска мачнина рано во бременоста, носите машко дете?!
3
10 луди работи што се случуваат во вашето ...
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму во вас. Кул (и малку чудно), нели?
3
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
2




Анкета

најубаво машко име
mila 85

Ве молам да гласате за најубаво машко име според вас. Благодарам!

Благоја (5%)

Стефан (32%)

Тео (18%)

Андреј (44%)


Број на сите гласови: 351

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!