|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто срцевите и мозочните удари се почести наутро?

Редакција Рингераја, 18.1.2026
Истражувањата покажуваат дека срцевите и мозочните удари најчесто се случуваат во раните утрински часови, најмногу помеѓу 6 и 12 часот. Ова не е случајност, туку резултат на природни процеси што се случуваат во телото по будењето.

image
Фото:Canva/Ова не значи дека удар мора да се случи наутро, туку дека ризикот е статистички повисок, особено кај лица со хипертензија, дијабетес, срцеви заболувања или пушачи.
/11


1. Нагло зголемување на крвниот притисок

Додека спиеме, крвниот притисок природно се намалува. По будењето срцето почнува побрзо да работи, крвните садови се стегаат, а крвниот притисок нагло се зголемува.

Овој „утрински скок“ може да биде ризичен, особено кај луѓе со хипертензија или срцеви заболувања.

 

2. Крвта е погуста во утринските часови

Наутро крвта има поголема склоност кон згрутчување. Тромбоцитите се поактивни, крвта е погуста, па полесно се формираат тромбови

Ова го зголемува ризикот од затнување на некој крвен сад и појава на срцев или мозочен удар.

 

3. Хормоните на стрес се на највисоко ниво

Кортизолот и адреналинот хормоните што нè будат се највисоки токму наутро. Тие: го забрзуваат срцевиот ритам, го покачуваат крвниот притисок и создаваат дополнителен притисок врз срцето и мозокот.

 

4. Брз премин од одмор во активност

Наглото станување од кревет и брзото влегување во дневните обврски создаваат физички и психички напор. За ослабен организам, ова може да биде сериозен стрес.

 

5. Намалено дејство на терапијата

Кај некои луѓе, дејството на лековите земени претходниот ден е најслабо во утринските часови, што дополнително го зголемува ризикот.

 

Кој е во поголем ризик?

-          Лица со висок крвен притисок.

-          Пушачи.

-          Лица со дијабетес.

-          Лица со висок холестерол.

-          Луѓе под хроничен стрес.

-          Лица со нарушен сон.

 

Како да се намали утринскиот ризик?

-          Станувај полека, без нагли движења.

-          Испиј една чаша вода веднаш по будењето.

-          Редовно земај ја терапијата според совет на лекар (доколку имате терапија).

-          Редовно следете го крвниот притисок.

-          Обезбедете си квалитетен сон.

-          Избегнувајте изложување на стрес веднаш по будењето.

 

Утринските часови се најосетлив период за срцето и мозокот. Но, со правилни навики, редовни контроли и грижа за здравјето, ризикот може значително да се намали.

Грижата за телото започнува од начинот на кој го започнуваме денот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Лажни или вистински контракции
Кон крајот на бременоста, многу жени чувствуваат затегања во стомакот што можат да предизвикаат дилема: дали започнува п...
13
Малку крв, голема промена?
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на...
4
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Лекови во бременоста
Кои лекови смеете да ги кориситите во бременоста? (англиско видео)
4




Анкета

„Намаз“.
пеперутка16

Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?