Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Мајките на новороденчињата (особено ако им се први деца) често се чувствуваат дека нешто не прават доволно добро и тоа им предизвикува вина и страв па константно се преиспитуваат: дали правилно го држам бебето, дали доволно спие, дали јаде најквалитетна храна, дали да му дадам кашика од тегличка? Ова се прашања кои секоја мајка на новороденче барем еднаш во денот си ги поставува. На многу од нив, бебињата сами го даваат одговорот со своето однесување, но за некои одговорот мора да го пронајдат самите мајки.
Преминувањето на цврста храна, околу шестиот месец од животот на бебето, е особено стресен период. Секоја намирница треба да се воведува посебно, малку по малку бебето да се навикне на неа но и да се види дали ќе се појават негативни реакции. За почеток се препорачуваат компир, морков и благо овошје најчесто јаболко. Се трудиме да купиме БИО намирници, истите да бидат свежи но често не сме во можност да го контролираме нивното потекло и квалитет.
Исто така знаеме дека бебињата од шестиот месец почнуваат да ги трошат природните залихи на железо во организмот. А колку всушност во денешните свежи намирници, навистина во доволна количина се застапени сите витамини и минерали неопходни за правилен раст и развој на детето?

Според истражувањето на научниците од Универзитетите Aberdeen и Warwick, родителите кои ги хранеле своите деца со оброци подготвени од свежи намирници купени во маркет немале поголема предност над родителите кои ги хранеле своите деца со комбинација од свежи оброци и оброци од тегличка. Студијата покажала дека храната во тегличка имала поголема нутритивна вредност и помалку адитиви, додека во некои оброци подготвени дома пронајдени се неверојатни количини на заситени масти и сол.
Тука мора да се истакне фактот дека секоја BFF тегличка поминува низ ригорозна контрола на квалитетот. Со закон е пропишано дека детската храна не смее да содржи ГМО намирници, конзерванси, додадени бои или ароми, како ни додаден шеќер. Се мора да биде 100% природно.

Со споредување на сите релевантни податоци ( количини на витамини, монерали, заситени и незаситени масти, адитиви) истражувачите заклучиле дека домашните оброци можеби подразбираат поголема разноврсност на хранливи материи но родителите не мораат однапред да ја исклучуваат храната во тегличка туку таа може да биде сосема соодветна замена. Затоа дозволете си себеси да здивнете од преиспитувања и загриженост и слободно дајте му на вашето дете храна од тегличка.
3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Колку дена пред овулацијата можете да забремените?
Многу луѓе мислат дека бременост е можна само на денот на овулацијата,...
Првите 24 часа по породувањето. Што да очекувате?
Првите 24 часа по породувањето се период на големи физички и емоционал...
Самопреглед и преглед на тестисите. Зошто се важни?
Редовниот самопреглед на тестисите е едноставна навика која им помага ...
Пренатална депресија е форма на депресија која се јавува за време на б...
Како бебињата ја доживуваат играта?
За бебето, играта не е само начин да го помине времето. Таа е главниот...