|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Животот е поквалитетен со вистинските луѓе

Ваша Рингераја, 10.9.2025
Секој нов ден ни носи шанса да избереме да избереме не само што ќе направиме, туку и со кого ќе го поминеме времето. Животот е краток, а времето е најскапоцената валута што ја имаме. Затоа, вреди да се вложува во вистинските луѓе.

image
Луѓе и врски
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Вистинските луѓе не мора да бидат совршени. Тие се оние со кои можеме да бидеме „своја верзија“ без маски, без потреба да глумиме нешто што не сме. Луѓето што знаат да слушаат без да осудуваат, да се радуваат на нашите успеси како да се нивни и да останат покрај нас во тишината кога зборовите не се доволни или пак воопшто не треба да се изговараат.

 

Тие врски нè потсетуваат дека љубовта и пријателството не се скриени во големите гестови, туку во малите нешта. Во еден поглед што вели „разбирам“, во едно кратко „како си?“ што доаѓа од срце, во прегратка што носи мир повеќе од илјада зборови.

 

Денес, ве покануваме да одвоите миг за благодарност за луѓето кои го исполнуваат со смисла вашето секојдневие. Помислете на тие луѓе во вашиот живот што ви носат светлина. Можеби тоа е семејството, можеби пријателите, можеби партнерот или некој колега што ви дава тивка поддршка. Заблагодарете им дури и во мислите. Благодарноста ја засилува врската, а љубовта што ја даваме секогаш се враќа.

 

Афирмација за ваша водилка денес:
„Ја ценам мојата енергија и внимателно бирам со кого ја делам. Благодарен/на сум за вистинските луѓе во мојот живот.“

 

Ви посакуваме ден исполнет со мир, топли средби и насмевки што траат подолго од самиот момент. Благодариме што секое утро сте дел од ова мало заедничко патување.

 

Со благодарност што го грее срцето,

Ваша Рингераја

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рингераја Бла Бла средба
Предновогодишната дружба со Рингераиниот Дедо Мраз и започнатите муабети во виртуелниот Бла Бла клуб поттикнаа уште една...
3
Рингераја и Ребека во хуманитарен поход
Со еден, од мака изговорен збор, до хуманитарна акција достојна за почит
3
Како да слушаш без да судиш?
Во свет полн со брзи реакции и брзи осуди, вештината да се слуша без да се суди станува сe поретка, но и сe повредна.
3
Да го чуваме она што вреди
Во брзината на секојдневието често забораваме колку е важно да ги негуваме односите со луѓето што ни значат.
3




Анкета

Prv Zbor
AnMari

Koga prozbore vasheto detence?

0-3 godini (0%)

3-5 godini (100%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!