Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Меморандумот воспоставува рамка за институционална соработка во областите на е-трговијата, дигитализацијата, вештачката интелигенција, дигиталните вештини и иновациите, со цел забрзување на дигиталната трансформација и развојот на дигиталната економија во земјата.
На состанокот беше истакната важноста на е-трговијата како интегрален дел од дигиталната економија и како клучен двигател на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија. АЕТСМ ја нагласи својата улога во поддршка на бизнис-секторот преку развој на нови онлајн продажни канали, едукација, истражувања и иницијативи за унапредување на пазарот.
Во рамки на соработката, страните ќе разменуваат информации, анализи и експертиза, ќе учествуваат на заеднички настани и обуки, ќе развиваат едукативни и развојни програми и ќе разгледуваат можности за заедничка подготовка и реализација на проекти на национално и меѓународно ниво.
„Поттикнување на дигитализацијата на бизнис секторот е еднакво важна како и дигитализацијата на државната управа. Таа нуди нови можности за раст на бизнисите, поголеми приходи, рационализација на расходи и простор за иновации. Оттука, партнерството со Асоцијацијата за е-трговија сметаме дека ќе придонесе кон поголема мобилизација на бизнис секторот во насока на откривање на можностите кои ги нудат новите алатки.” - истакна г-дин Андоновски.
Асоцијацијата изрази подготвеност да придонесе во имплементацијата на Стратегијата за дигитализација „Смарт МК 2030“, особено во делот на дигитализација на ММСП, развој на дигитални вештини и поттикнување на безготовинските плаќања.
„Е-трговијата не е само уште еден канал на продажба – таа е инфраструктура на модерната економија. Преку оваа соработка со Министерството за дигитална трансформација, правиме чекор кон системско позиционирање на е-трговијата како двигател на дигиталната економија и конкурентноста на македонските компании.” - истакна Ангеловска-Станков, Претседателка на АЕТСМ.
Дополнително, на средбата се разговараше за важноста од стимулирање на безготовинските плаќања и можните заеднички иницијативи во таа насока, кои во наредниот период ќе бидат дополнително разгледувани и разработувани.
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Дали палавштините се знак на здрав развој?
Кога детето почнува да трча, да истражува, да поставува безброј прашањ...
Кога овулирате? Откријте ги вашите најплодни денови
Доколку планирате бременост, познавањето на времето кога овулирате мож...
Дали обилните менструации се знак за плодност?
Многу жени веруваат дека обилната менструација е показател за добра пл...
Кога на жените им се потребни лекови за плодност?
Лековите за плодност можат да им помогнат на одредени жени кои имаат п...
Гадење и повраќање за време на бременоста
Гадењето и повраќањето се меѓу најчестите симптоми во раната бременост...