namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Вторник, 07 јуни 2011 во 13:24 часот
Здраво,
Не ме познаваш и никогаш нема да ме запознаеш. Не знам дали знаеш дека никогаш повеќе нема да го видиш сонцето, да почувствуваш среќа, да видиш искрена насмевка, никогаш нема да го слушнеш плачот на твоето дете, неговите први чекори, првиот училишен ден, првото внуче, никогаш нема ...
Ќе пропуштиш и многу позначајни работи, нешта кои беа и се многу поважни од твојата смрт, нешта како отворањето на 7 метри реновиран паркинг зад некоја зграда, пуштањето во употреба на нови завеси во театарот, пуштањето на вода од казанчето во...
Кој си ти, кое е твоето име, твоето презиме, што направи ти за да го добиеш тоа што го доби, што им направи на луѓето кои твојата смрт ја премолчија, дали си ти куче или човек. Дали ти имаш семејство, дали имаш пријатели на кои им недостигаш, дали некој се грижеше кога вчера не се врати дома, или им беше сеедно како и на сите останати. Ти си можеби среќен, барем твоето тело ќе биде испратено на начин кој заслужува секој човек, среќен си заради тоа што ќе има место каде што ќе почиваш, нема да лежиш во некој дол растргнат од дивите животни.
Знаеш ли дека за твојот прерано изгубен живот се организираат ехо протести. Ако ме прашаш зошто ги нарекувам ехо би ти рекол: довиците и повиците од протестантите само се одбиваат од фасадите на центарот и повторно се враќаат до луѓето кои ги извикуваат. Сакам да ми кажеш со кој контактен спорт се занимаваше, дали повредите на твоето тело беа секојдневие, дали по нив беше толку многу познат што некој кажа дека не си повреден.
Колку вреди твојот живот, во евра се разбира, што добија тие што сакаа да ја прикријат твојата смрт.
Ти поставив толку прашања, но за голема жал никаде не поставив прашалник и тоа не може никој да го промени.
Се к'ти ноќта црна!
Се рути карпа – мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори –
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден.
... Но не и за тебе!
______________________________________________________________________________________________________________
Сакате ли да дознаете
↓
Како почна се ова? (Протест против полициската бруталност)
Вечерта на 5ти сите си беа на Баскер Фест. Јас имав работа, седев дома. Зошто работам навечер, бев будна кога се уклучи онлајн еден другар на Фејсбук. Беше видно потресен, рече дека има да каже нешто, раскажа за убиство кое се случило пред неговите очи; како што рече, најмногу го потресло тоа што го гледал младото тело покриено со ќеси како седи само а никој не се грижи за него. Не бил сам. Со него биле околу 10тина мои други познаници. Мојот пријател е еден од главните сведоци во случајов и можеби сте го виделе некаде по телевизии како дава изјави, иако не му се гледа идентитетот, храбро уште од првиот ден. Како што се сеќавам, не го обjaсни до детали убиството, само рече дека младиот дечко бил брутално претепан, со ногата во глава, а главата во клупа, од страна на припадник на Алфите. За оние кои не им се верува како препознал, извинете ама сите знаеме како изгледаат нашите специјални единици.
...
↓
Миење заби.
Admin
Кога почнавте да им ги миете забите на вашите деца?