vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Рингераја.мк е исправена пред, најверојатно најголемата потреба за поддршка, од било кога досега! Нашите залагања за помош на Јања Батич, не вродија со плод и покрај сите напори и желби за позитивен исход во случајот “Посвојување на две ромски близначиња од Македонија”
Бидејќи нашите мајки, а веруваме и сите мајки од Балканот, неможат да стојат со скрстени раце и немоќно да чекаат, Тимот на Рингераја.мк ја покренува АКЦИЈАТА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ за поддршка на Јања Батич и двете близначиња кои ја чекаат својата мајка.
За да добие на сериозност сета акција, потребни ни се вашето Име и Презиме, ЕМБГ(матичен број) и државата од која потекнувате.
Рингераја.мк се обврзува дека податоците кои ќе ги испратите ќе бидат искористени САМО за оваа акција и НЕМА да бидат користени во други цели!
Оваа петиција, овој апел е само еден показател кој зборува дека сме свесни граѓани на оваа држава и дека имаме достоинство! Заради тоа Ве повикуваме да помогнете при овој обид за решавање на случајот, со што на децата ќе им се обезбеди пристојно живеалиште и родителска љубов.
Писмо со петицијата ќе испратиме до органите надлежни за посвојување и до Министерството за труд и социјална политика. Ве молиме вашите податоци да ги испратите на filantropija@danu.biz со наслов -За поддршка на акцијата Минута од вашето време за вечна љубов меѓу двете близначиња и мама Јања-
Поддршката за Јања во темата Агнес ги очекува близнаците, продолжува и понатаму со впишување на никовите, оваа акција е за сите членови кои сакаат да помогнат на поинаков начин а не да дадат само морална поддршка на форумот.
Знаејќи дека ќе одговорите на овој наш повик однапред Ви благодариме!
Интервјуто со Јања прочитај го тука!
Тимот на Рингераја
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...