|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Време само за децата и семејството

Др. Гордана Буљан Фландер, 4.5.2010
За времето поминато со детето не е важен кванитетот, туку квалитетот, бидејќи не е доволно родителот само физички да биде присатен.
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Родителите кои имаат деца од училишна возраст, треба да организираат “семејни средби” на кои ќе се собира целото семејство и ќе се разговара за потенцијалните проблеми кои треба да бидат решени. Неопходно е јасно да се дефинираат проблемите во чие решавање еднакво ќе се вклучат сите членови. По дефинирање на проблемот, секој член на семејството треба да предложи еден или повеќе решенија без да ги коментираме предлозите на другите луѓе. Потоа да се оценуваат добрите и лошите страни на секој предлог и на крај да се избере најдоброто решение. Важно е да се сфати дека проблемот на еден член од семејството не е само негов личен проблем, туку проблем на целото семејство и поради тоа во неговото решавање треба да се вклучат сите членови на семејството.

Родителите на мали деца и родителите на децата на предшколска возраст ќе имаат проблем при вклучување на децата на оваа возраст во овие семејни состаноци и дискусии, па затоа им се советува да поминат квалитетно време со децата за да не се почувствуваат запоставени и исклучени.  Тоа значи дека на детето треба во текот на денот да му обезбедите време кое ќе му го посветите целосно на него. За тоа време детето мора да биде сигурно дека ќе го има едниот или двајцата родители за игра, прашања, галење, гушакње, односно дека ќе го има целото нивно внимание само за себе. Доколку ова му го обезбедиме на детето, можеме да бидеме сигурни дека тоа нема да се обиде да го привлече вниманието со недолично однесување – викање, плачење, скокање и лупање со нозете.

Многу е важно времето кое го поминувате со детето да биде квалитетно искористено, бидејќи не е доволно да бидат родителите со детето долго време, туку тоа време најдобро да се искористи. Во тоа време кога си играат со своето дете, родителите не треба да гледаат серии, да не разговараат долго меѓу себе и времето кое е наменето за детето да не го користат за одење на гости. Квалитетно поминатото време со своето дете е најдобро секогаш да биде во исто време од денот, но доколку тоа е невозможно, на детето треба да му се каже за промените кои настанале и да се одржи ветувањето за променетото време. Обично не е добро да им се ветуваат работи на децата кои не можат да се одржат или исполнат, бидејќи можеме да ги изневериме, а сето тоа ја поткопува самодовербата на децата.

Не мора да бидете секогаш тука, важно е да му дадете внимание на детето и поддршка и детето да знае дека секогаш може да смета на вас, односно дека секогаш сте тука за него.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мајчиното млеко штити од СИДА!
Анти-вирусниот ефект на мајчиното млеко може да ги заштити бебињата од вирусот на сида, покажуваат истражувањата
4
Колку сон губиме во првата година со бебе?
Првата година со бебе е една од најубавите, но и најисцрпувачките фази во животот на родителите. Една од најголемите про...
4
Што е масажа на матката?
Масажата на матката е постапка што ја изведува здравствен работник по породувањето за да се поттикне матката да се контр...
3
Кенгур нега: љубов, сигурност и здравје во...
Во последните децении, концептот на „кенгур нега“ (kangaroo care) сe повеќе се препознава како еден од наједноставните, ...
3




Анкета

име за машко
marija.rizovski

Кое име ви се допаѓа повеќе

Кире (9%)

Димитар (41%)

Јован (50%)


Број на сите гласови: 54

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!