vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Можеби би било добро да поразговараш со лекар доколку не ги почувствуваш промените на пубертетот до својата 14 година, или пак до колку почнат да ти растат градите и срамните влакна, а не си ја добила првата менструација до својата 16 година.
Растење на телото
Колку повеќе растеш, твоите бедра стануваат пошироки, а колковите и задникот стануваат поголеми (возрасната жена има повеќе масни наслаги од девојката). Се додека се храниш здраво и правиш некои вежби не треба да се грижиш за својата тежина.
Гради
Твоите гради ќе се развиваат постапно. Сигурно нема ниту да забележиш дека тоа се случува. Не грижи се ако едната града ти е поголема од другата. Тие ќе бидат приближно со иста големина кога ќе заврши пубертетот. Многу жени имаат гради со мала разлика во големината во текот на целиот живот.
Потење и мирис на телото
Потните жлезди, особено оние под пазувите почнуваат да работат. Тоа предизвикува потење кое доведува до појава на карактеристичен мирис на телото.
Мозолчиња и мрсна коса
Речиси секој добива мозолчиња на лицето во текот на пубертетот. Ова е заради тоа што твојата коса станува мрсна. Исто така твојата коса може да биде мрсна, така што ќе биде потребно да ја миеш почесто.
Влакна на телото
Влакна ќе почнат да ти растат во интимниот предел, под пазувите и на нозете.
Секрет
Најверојатно си забележала жолтеникави дамки на твоите гаќички особено 2 недели пред менструација. Овој секрет од вагината е сосема нормален.
Менструација
Почетокот на менструацијата е можеби најголемата промена која им се случува на девојките во текот на пубертетот. Менструацијата е нешто за кое не треба воопшто да се грижиш. Тоа е знак дека твоето тело е здраво и работи нормално. Сепак може да биде големо изненадување за тебе. Немој воопшто да се грижиш кога ќе ја добиеш првата менструација, бидејќи тоа им се случува на сите девојчиња.
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Што е генетика и зошто е важна за здравјето?
Кога зборуваме за здравјето, често слушаме дека некоја состојба е насл...
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...