|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Водич за летување со детето

Редакција Рингераја, 2.8.2021
Додека планираат годишен одмор со бебето, родителите најчесто имаат дилема каде да одат на летување – на планина или на море. За летување на море одлучете се кога се гужвите помали и температурите пониски, поточно во јуни или септември
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Превоз

Многу често се случува кај болните од хронична болест (астма, опструктивен бронхитис, егзема), ситуацијата да им се влоши ако ја променат средината. Но сепак најчесто се одлучуваме да тргнеме.

Превозното средство и должината на патот се многу важни за малите патници. За најповолни превозни средства се сметаат автомобил и воз (првиот заради малиот број на патници и можноста да се направи пауза во текот на патувањето, а другиот заради можноста за движење во текот на патувањето).

 

Сместување

Што се однесува до сместувањето, најдобро е приватно сместување за летување со деца. Во тој случај на бебето секогаш можете да му подготвите топол оброк, свежа кашичка или чај. На децата со возраст до 12 месеци, не би требало да им давате хотелска храна. Најдобар избор за семејства со мали деца се хотелските апартмани.

 

Море

Ако сте се одлучиле да летувате на море, немојте веднаш да одите на плажа. Прошетајте се со бебето покрај море, сместете се во ладовина и пијте млаки напитоци. На бебето ќе му биде доволно мало разладување во морската вода, која сте ја затоплиле во чамец или базен.

На постарото дете дозволете му да биде во морето додека не му стане ладно. Не постои временско ограничување за задржување во море, тоа зависи од дете до дете. Децата со бела кожа и светла коса се чувствителни на сонце. 

По капењето избришете го детето, пресоблечете го и исушете му ја косата, па однесете го под сенка. Играта во вода и на плажа отвора апетит, па понудете му на детето свежо подготвена храна.

 

Базен

Што се однесува до капење на бебето во базен, на родителите секогаш им се советува да бидат внимателни. Колку и да е водата во базените хигиенски исправна, таа содржи средства за дезинфекција, надразнувачки за чувствителната кожа на децата, посебно за очите.  Многуте капачи и некултурното однесување на некои од нив (прскање, плукање, мокрење) ја прават водата во базенот непрепорачлива за мали деца.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да го одржувате крвниот притисок во з...
Крвниот притисок е еден од важните показатели за здравјето на срцето и крвните садови.
5
Доење – магија и моќ
Моето дете живее и се храни од моето тело, благодарение на мене. Што е тоа ако не е моќ? Ќе извикувам гордо “Јас дојам” ...
4
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствуваат привлечни, женствени и сигурни во своето тело.
3
Дали новороденчето треба да пие вода?
Една од најчестите дилеми кај новите родители е прашањето, треба ли бебето, особено во првите месеци, да добива вода пок...
3




Анкета

Машко име
Gaia

Ве молам гласајте кое именце ви е најубаво

Лука (47%)

Јаков (22%)

Павел (30%)


Број на сите гласови: 286

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!