namesp во 10:11
Трудници! Десет факти за Вас!
Редакција Рингераја, 23.4.2021Може да Ви биде чудно, но потполно е нормално...
Секој ден по терминот за породување ќе Ви изгледа како цел месец.
Можеби ќе се разочарате ако плодовата вода Ви тече капка по капка. Веројатно повеќе би Ви се допаднало Вашиот водењак да пукне на работа, во продавница, или уште подобро – во ресторан “драматично и спектакуларно”, како во филмовите!
- Сите надежи кои ги имате во врска со породувањето, ќе избледат после еден час престој во породилната сала.
Веројатно ќе бидете прилично изнервирани кога партнерот по петти пат ќе Ви каже “Кога се ќе заврши, ќе сфатиш дека болките вредеа”.
Иако се подготвивте за потполно природно породување, нема да биде необично ако по првите контракции се предомислите. Ќе побарате епидурална и тоа ВЕДНАШ!
Веројатно многу Ви пречеше кога на плажа Ве меркаа во костимот за капење, или гледаа во Вас во фитнес центарот кога обилно се потевте во тек на вежбањето...Во породилната сала сте голи, испотени и бучни. Како Ви изгледаат од овој агол проблемите од плажата и фитнес центарот?
Можеби сте противник на епизиотомијата, но кога ќе дојде моментот на Вашето бебе да му се ослободи преминот на овој свет – нема да Ви изгледа како лоша опција. Напротив!
Нека не Ве изненади ако посакате да ја удрите секоја личност од персоналот која во текот на породувањето (читај болките) ќе каже:”Добро Ви оди”.
Немојте да се возбудувате заради разните крици кои ќе ги чуете во породилната сала, или гласното стенкање и пцуење. Во еден момент ќе сфатите дека потекнуваат токму од Вас!
Се породивте, добивте здраво и убаво бебе... Се чувствувате како најквалификувана личност на светот да делите совети за породување. Само напред!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Водителката Миа Костова неодамна доби син. Таа денес реши на својот Фејсбук профил да објави голи фотографии на кои се г...

HealthAid Cysticare таблетите се специјално формулирани со користење на природни и високо квалитетни билни екстракти кои...

...Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напад...

За време на бременоста повеќето лекови не се безбедни за земање. Дури и некои од најчесто користените лекови кои се изда...
