Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Кетрин била забележана како се наведнува од болка и испушта болни крици, од стјуардесата Susan Carnes. Сузан за Fox news изјави дека веднаш знаела што ќе се случи: “Ја видов и по начинот на кој се движи и наведнува, знаев дека дошол часот. Ја прашав само дали и протекол силен млаз на топла вода, а таа ми одговори потврдно. Во ред реков – ќе имаме бебе!”
Сузан праша дали има медицинско лице на авионот, кога во кабината на пилотот се јави Dr. Patrick Ojukwu, гинеколог од Stockbridge, кој ја замоли Сузан да му биде асистент при породувањето.
Сузан од својата торба извади ножица, суви и влажни марамчиња, чисти крпи, донесоа топла вода, а еден патник ги извади врвците од своите чевли, кои им беа потребни за врзување на папочната врвца.
Еден од патниците го следеше крвниот притисок на Katherine, додека друг ја стерилизираше “медицинската” опрема во вотка.
Сузан изјави: “Кетрин беше многу силна. На почетокот беше многу исплашена, бидејќи патуваше сама и се случи да се породува на јавно место и за прв пат да го земе своето бебе во раце во авион. Колку лудо ли е тоа?!”
На Кетрин и била дадена дозвола за летање од страна на докторите бидејќи требала да се породи по повеќе од три седмици.
Сузан и Др. Ojukwu помогнаа на свет да дојде бебето Edosalume и беа поздравени со аплауз од сите патници на авионот.

Сузан за Фокс изјави: “Кога го зедов во раце бебето за прв пат, го подигнав високо над седиштето за да му го подадам на докторот, кога забележав дека сите гледаат во мене. Тогаш силно извикав – Момче е! Целиот авион избувна во аплауз и смеа.”

Мајката и бебето биле веднаш по слетувањето на авионот однесени во болница, во добра здравствена состојба.
Колку неверојатна приказна!
6
5
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...