namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Ако „Пепелашка“ не добила масовна популарност, „Дизни“ ќе пропаднеше, а ние никогаш немаше да ги видиме сите генијални филмови кои со децении н? развеселуваат нас, нашите родители, па и дедовците и бабите.
На Pickbox пристигнаа три „Пепелашки“, Пепелашка, Пепелашка 2 и Пепелашка 3, а вие дознајте дали двете модерни верзии успеале да ја достигнат убавината на класиката на „Дизни“ од 1950-тите.
Класичната Пепелашка за сите генерации
Трансформацијата на Пепелашка, која носи скромен фустан на слугинка, во прекрасна принцеза со фустан за бал, му била омилената анимација на Волт Дизни во целиот филм. Таа и многу други преубави сцени од филмот „Пепелашка“ нему му донесоа дури три номинации за „Оскар“, а американскиот Филмски институт го смести на деветтото место на најдобрите анимирани филмови во историјата.
Заразната песна „Бибиди Бобиди Бу“ веднаш стана хит, а Ајлин Вудс, која ? го позајми гласот на Пепелашка, победи 309 девојки кои се натпреваруваа за улогата на Пепелашка бидејќи само нејзиниот прекрасен глас го маѓепса Волт Дизни.
Модерна адаптација на класиката
Пепелашка конечно станува прекрасна принцеза, а саканото глувче на Пепелашка посакува човечки облик, додека една од лошите сестри на Пепелашка научува да се насмевнува и се заљубува во пекар.
Иако Пепелашка 2, кој имаше заработка од над 125 милиони долари и беше снимен во Јапонија, излезе дури 52 години по првиот цртан филм за Пепелашка и претставуваше еден вид негова адаптација и продолжение на приказната за популарната принцеза, на продуцентите најголема инспирација за работата на филмот им беше токму класиката од 1950-тите.
Неволи во рајот
Пепелашка и принцот се заедно веќе една година, но кога злобните сестри на Пепелашка го крадат волшебното стапче, таа повторно се наоѓа на почетокот. Во Пепелашка 3 конечно ќе видиме како принцот се бори за својата принцеза и колку е силна неговата љубов.
Иако можеби би било логично „Пепелашка 3“ да го продолжува дејството од „Пепелашка 2“, оваа верзија од 2007 година, која доби многу добри реакции и од критиката и од публиката, исто така е продолжение на „Пепелашка“ од 1950-тите години. Интересно е тоа што „Пепелашка 3“ е снимена во студиото на „Дизни“ во Австралија, кое е затворено веднаш по завршувањето на филмот, а сета опрема е распродадена на аукција.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Летото е време за авантури, патувања и романтични моменти крај плажа. ...
Сакате бебе? Еве колку често треба да водите љубов!
Кога ќе одлучите дека сте подготвени за бебе, едно од првите прашања ш...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?