Деновиве од “лабораторијата за приказни“ на издавачката куќа Просветно дело излегоа два ексклузивни наслови за деца. Станува збор за сликовниците – таблет насловени како ПАМЕТЕН ТАБЛЕТ – ДИВИ ЖИВОТНИ и ПАМЕТЕН ТАБЛЕТ – ДОМАШНИ ЖИВОТНИ
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Скопје, 29.05. 2014 год.
Деновиве од “лабораторијата за приказни“ на издавачката куќа Просветно дело излегоа два ексклузивни наслови за деца. Станува збор за сликовниците – таблет насловени како ПАМЕТЕН ТАБЛЕТ – ДИВИ ЖИВОТНИ и ПАМЕТЕН ТАБЛЕТ – ДОМАШНИ ЖИВОТНИ кои претставуваат првите звучни изданија на македонски јазик.
Овие уникатни сликовници содржат екран на допир како вистинските таблети. Децата ќе бидат воодушевени од можноста да читаат модерна енциклопедија, но и да работат на свој таблет со животни кој лесно може да го извадат и да си играат со него. На располагање им се четири можности: да ги чујат гласовите на животните, да слушаат забавни мелодии, да одговараат на интересни прашања и да го проверат своето знаење низ игри. И сето тоа на македонски јазик!
Просветно дело со издавањето на Паметните таблети продолжува да ги следи светските трендови кога станува збор за литературата за деца и за новите технологии на печатење. Во таа смисла, уредувачкиот тим од оваа издавачка куќа подготвува уште многу инретерактивни звучни и 3Д изданија кои и' се обраќаат на новата генерација деца која ужива додека учи и чита, да осознава, допира, создава и си игра.
“Откако ја стартувавме приказната со издавањето на комерцијални изданија од најдобрите светски лиценци, како Штрумфови, Ворнер брос, Дизни, Бен10 и Хелоу Кити, наш актуелен предизвик се музичките, 3Д и сликовниците со додатоци. Искуството со последните неколку наслови, како на пример апсолутниот хит – Малиот доктор, покажаа дека овие изданија се полн погодок и бележат рекордна продажба,“ вели по повод на објавувањето на паметните таблети, директорката на комерцијално-маркетиншкиот сектор на Просветно дело – Весна Дукоска.
Новина кога станува збор за Просветно дело е откупувањето на грчката франшиза за долна облека, пижами и костими за капење – Минерва. Минерва се враќа во Македонија во ново, гламурозно и софистицирано издание. Првиот од синџирот бутици е на првиот кат во трговскиот центар Рамстор.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Денес е светскиот ден на прегратката
Прегрнувајте често, прегрнувајте силно, прегрнувајте од срце...Прегрнете некого денес!
3
Среќата што не може да се купи
Постојат прашања на кои човек постојано се навраќа, без разлика на времето и генерациите. Едно од нив е дали парите нави...
3
Зошто друштвеноста е важна за менталното з...
Човекот е социјално суштество, а поврзаноста со другите луѓе има големо значење за нашата емоционална и ментална благосо...
3
Три Пепелашки на Pickbox
Еден од омилените и уште ненадминати филмови на „Дизни“ е „Пепелашка“ од 1950 година, во кој студиото „Дизни“, иако било...
3