|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Сушењето облека дома предизвикува астма

Редакција Рингераја, 3.4.2013
Многу мајки во текот на зимата немаат друг избор па ја сушат облеката дома, на радијатори, или за тоа предвидени сталажи. Но оваа навика може да Ве чини здравје, кога се во прашање проблеми врзани за дишниот систем
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Шкотските истражувачи од архитектонскиот факултет Mackintosh утврдиле дека многу домови во Шкотска имаат премногу влага, а всушност сушењето на облека дома предизвикува дури 30% од влагата во домовите.

Три четвртини од стотина испитани домови имале голема количина на влага која секој дом го претвора во богато расплодно тло за грињи и зголемена појава на мувла. Ваквото намалување на квалитетот на чист воздух поврзано е со астма и слични алергии.

Вкупно 87% од домаќинствата во Глазгов, каде е спроведена студијата, сушат облека дома кога е ладно времето, од кои 2/3 на радијатор. Тоа го зголемува степенот на влага во домот за 30% оние денови кога се суши, односно за 15% во другите денови. Стручњаците заклучиле дека малите, добро изолирани домови се вистински стапици за влага.

Луѓето ги запечатуваат своите домови за подобро да ја искористат енергијата и за да им биде потопло, но ова не е проследено со соодветна вентилација.

Тимот кој работел на оваа студија предлага воведување на заеднички простории за сушење, за да се ублажи овој проблем. Тие функционирале во Велика Британија во 60-те, а во САД се користат сеуште, но со појавата на машини за сушење облека, заедничките простории престанале да се проектираат во зградите.

Со вдишувањето на спори од мувла може да се добие воспаление на дишните патишта посебно кај лица со намален имунитет, или може да се добијат алергиски реакции, посебно астма, бидејќи имунитетот реагира на спорите кога ќе ги идентификува во горните дишни патишта и синусите. Симптомите на инфекција вклучуваат кашлање, замор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболки и мачнина.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Програма на приватната детска градинка Амичи
Приватната детска градинка Амичи работи веќе осум години и успешно се рангира на високо место кога станува збор за квали...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Ева Лонгориа ќе биде кума на Харпер Бекам
Ева Лонгориа откри дека е поканета да биде кума на неодоливата Харпер Бекам, ќерка на Викторија и Дејвид Бекам. “Очајнат...
4
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3




Анкета

najubavo zensko ime od slednive
BARBARITA

najubavo ime

meri (18%)

iris (19%)

ivona (40%)

alesia (11%)

barbara (12%)


Број на сите гласови: 132

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!