|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Супата – универзален лек за настинка?

Редакција Рингераја, 24.1.2012
Со векови наназад имаме еден ист рецепт за лечење на настинка – СУПА. Научниците се запрашаа зошто?

image
/11


 

 

Пилешката супа, позната како еврејски пеницилин, препорачувана е во борбата со настинката уште во 12. век. Во 16. век исто така, на болните лица им е препорачувана хранлива и лесно сварлива храна. Така со векови супите го задржале својот епитет – универзален лек за настинка.


Модерната медицина го признава релаксирачкото и анти-воспалително дејство на супата, а факт е дека е идеален, лесно сварлив оброк, богат со хранливи состојки.


Кен Абала, историчар на храна на Пацифичкиот Универзитет во Калифорнија, смета дека примамливоста на супата нема толку врска со науката, колку со храната за бебињата.


“Луѓето секогаш посегнуваат кон храна која ги смирува и потсетува на топло дом. Сличноста на супата со бебешката храна е една од главните причини зошто ја јадеме. И двете се хранливи и не се тешки за варење“, додаде Кен Абала.


Потсвесната психолошка врска на луѓето со храната води потекло од детството, сметаат психолозите. Сакаме да се сеќаваме а домот како на топло и удобно место. Постои врска меѓу храната и тоа чувство на сигурност и топлина, кое го дава супата.


Различните варијанти на пилешката супа, која и денес е најпопуларна, се присутни во сите книги за кулинарство низ историјата. Делото “За Римската храна”, пишувано за папата Гргур тринаесетти, во 16. век, готвачот на Језуитските свештеници од 17. век, Португалскиот готвач од 18. век, ги чуваат најстарите рецепти за пилешка супа. “Есеј за грозницата” од 1750. година препорачува лесна пилешка супа, а пилешкото месо е основна состојка на чорби и бујони од книгата “Како да готвите за болните и оние на кои им е потребно закрепнување” објавена во 1901. година.


Супата обединува психолошка, физичка и нутритивна сфера низ топлите и лесно сварливи материи содржани во еден оброк, заклучуваат научниците.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Во Хрватска е откриено кои пелени најдобро...
Хрватскиот портал24 sata.hr објави вест за тестирање на пелени кои се наоѓаат на нивниот пазар, па Ви ги претставуваме р...
4
Фото: Госпоѓо, има лемур на главата на беб...
Енџи остана вчудоневидена кога го виде лемурот на главата на нејзиното бебе старо само 9 недели! Лемурот се сместил во с...
4
Андреј од ДНК стана татко!
Андреј од ДНК доби ќерка. Среќната вест на својот профил на „Фејсбук“ ја објави неговиот близок пријател и колега, Влади...
4
Мерење температура кај новороденчиња
Кога имате новороденче, секоја промена во неговото однесување може да предизвика загриженост.
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?