|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Соодветна замена за вода

Александра Ојлеска, 11.3.2011
Водата не е единствен пијалок кој го чува Вашето здравје. Здраво е и кафето бидејќи го намалува ризикот од Алцхајмерова и Паркинсова болест, од рак на дојката и кожата, од дијабетес, камен на жолчката...

image
/11


Веќе и врапчињата знаат дека пиењето вода е клуч на здравјето. Ако се испијат барем шест чаши вода на ден, може да се намали главоболката, да Ви помогне да спречите некоја болест и да ја намалите појавата на брчки на кожата. Може дури и да ја поттикнете работата на метаболизмот ако ја пиете попладне. Таа е многу корисен пијалок кој можете да го најдете на секој чекор. Добро, нема да кажеме бесплатно, но  за  малку пари.

Но  водата не е единствен пијалок  кој го чува Вашето здравје. Здраво е  и  кафето (иако не во голема количина) бидејки го намалува ризикот од Алцхајмерова и од Паркинсонова болест, од рак на дојката и на кожата, од дијабетес, од камен во жолчката, дури и од рак на устата.  Не сакате кафе?  Тогаш прочитајте кои други пијалоци го чуваат здравјето на нашиот организам.

Сок од портокали – чува од срцеви болести. Антиоксидансите во сокот од портокал го чуваат срцето борејки се против  воспалението  кое предизвикува оштетување на крвните садови. Земете го  во предвид ова :  луѓето кои јаделе брза храна со чаша од сок од портокал имале помалку слободни радикали  кои  ги  оштетуваат артериите отколку оние што јаделе хамбургери и помфритот го јаделе со вода, открило истражувањето во The American Journal of Clinical Nutrition.  Нели е тоа доволна причина да изберете сок од портокал? Само внимавајте на шеќерите во него – една чаша може да содржи 21 грам шеќери и 122 калории.

Сок од брусница – помага   во борбата против болестите на непцата и против инфекциите на мочните патишта. Освен тоа, два децилитри дава 39 отсто од дневните потреби  за витамин Ц, стои во истражувањето на универзитетот во Пенсилванија.

Чај од камилица – одличен е за смирување на духот и на телото. Луѓето кои два месеци секојдневно пиеле чај од камилица стнале значително помалку анксиозни, стои во едно истражување.

Пиво – може  да помогне да се спречат кардиоваскуларните болести.Кој би рекол, нели? Состојките кои се во обичното и во безалкохолното пиво го спречуваат згрутчувањето на крвта, кое може да доведе до кардиоваскуларни болести. Освен тоа, на пазарот има и светли пива, па во оваа вкусна и здрава течност можете да уживате и со помалку калории.

Зелен чај -  одличен е за одржување на тежината. Испитаниците кои вежбале и пиеле зелен чај имале за 22 отсто помала шанса да се здебелат од оние што или само вежбале или само пиеле чај. Полифенолите во зелениот чај го поттикнуваат метаболизмот и му олеснуваат на телото да согорува маснотии. Освен тоа, чајот е богат со антиоксиданси  кои штитат од рак и од срцеви болести.

Млеко/какао – колку и да звучи чудно, помага стомакот да ви остане рамен. Чаша какао со обезмастено млеко е одлична комбинација на јаглеродни хидрати  и на протеини и помага да закрепнете по тренинг. Спортистите кои го пиеле по вежбањето имале помали оштетувања на мускулите по четири дена интензивен тренинг отколку оние што пиеле само вода или енергетски пијалоци, стои  во истражувањето на  American College of Sports Medicine. Освен тоа, канадските истражувачи го спровеле истражувањето во кое се вели дека жените што пиеле млеко веднаш по тренингот изгубиле многу повеќе масно ткиво во однос  на испитаничките од другата група. Истражувачите од универзитетот McMaster биле изненадени од резултатите: жените кои пиеле млеко воопшто не се дебелееле – она што го добиле  на  мускулите го изгубиле на масно ткиво.

Црно вино – помага подолго да живеете. Луѓето кои  пијат половина  чаша  вино дневно  живеат  пет  години  подолго од другите, стои во истражувањето на холандски универзитет. Црното вино има повеќе полифеноли од белото, па со самото тоа е подобар избор.

Сок од домати – помага да се намали ризикот од рак. Црвениот пијалок е богат со витамини и со ликопен, кои го чистат телото од канцерогени клетки.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3
Подготовка и чување на млекото во лето
Високите температури кои ни претстојат наметнуваат многубројни грижи и прашања во врска со безбедната подготовка и чувањ...
3
Готвач за бебе
Кашички од зеленчук од 6 – 8 месеци
3
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?