namesp во 10:11
skorpijana: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 28.2.2011
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: skorpijana
Датум на породување: 16.07.2010 година
Тип на породување: царски рез
Болница: Општа болница во Штип
Првото дете беше 5 години кога сите ми велеа дека е време за уште едно. Јас секогаш велев дека не сакам. Помина некое време и отидов на лекар затоа што ми доцнеше и докторката ми кажа дека сум бремена 1 месец. Многу се изненадив, беше неочекувано. Следниот месец отидов на контрола и ме праша дали во мојата фамилија има близнаци. Кажав дека дедо ми на мајка ми татко е близнак, а докторката ми кажа дека носам близнаци. Бев шокирана од веста, во еден момент бев среќна, а во друг исплашена како ќе биде со три деца каква ќе ми биде бременоста и уште еден куп прашања на кои не го знаев одговорот. Но како поминуваа деновите и како се ближеше денот бев се повозбудена знаејќи дека две ангелчиња растат во мене. Девет месеци брзо поминаа, ми помина и терминот. Отидов на лекар и ме пратија во болница. Беше многу жежок ден, 15 јули. Многу бев исплашена не знаев што ќе биде, ме прегледаа и ми кажаа дека мора да се породам со царски рез бидејќи второто бебе е во многу лоша положба и дека при раѓање на првото може да дојде до гушење на второто близначе. Отидов во собата и почнав да плачам. Мислев дека ќе им се случи нешто на моите деца и тоа по моја вина бидејќи кога ми велеа за друго да родам велев дека ќе абортирам.
Ми ги направија сите анализи и ми кажаа дека следниот ден во 10 часот ќе ме породат со царски рез. Околу 12 часот по полноќ почнаа некои болки во половина .Отидов кај докторката, ме прегледа и рече дека мора да ме породат веднаш бидејќи е опасно да се чека до утре затоа што може да почне да излегува првото близначе. Ја викнаа мојата матична од дома, се собраа сите, што кај мене внесе дополнителен страв. Многу бев возбудена, а и исплашена. Кога се разбудив анестезиологот ми рече "Петар и Павле ли ќе се викаат синчињата?"- му одговорив Даријан и Дарио бидејќи првото синче ми се вика Петар. Кога ме симнаа од шок соба ми ги донесоа двете мали ангелчиња, кои беа исти. Не можев да поверувам колку беа прекрасни. Стравот кој беше во мене веќе го немаше бидејќи беше заменет со среќа. Се беше во ред. Заборавив на се и бев среќна што имам три синчиња кои ми го исполнуваат животот со радост и среќа.
Рингераја им посакува среќно детство на Даријан и Дарио !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
За време на бременоста, бебето во текот на својот развој се движи во неколку различни позиции. Како што се приближува да...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
