|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

СИВУС ДЕН ПОСВЕТЕН НА ДЕЦАТА

Seavus, 14.5.2012
Софтверска компанија Сивус организираше Ден на детето, за децата на своите вработени и децата од Дневниот центар при Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”.

image
/71

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Во пресрет на Меѓународниот ден на децата, Сивус во дворот на компанијата организираше настан, во чии рамки децата на вработените, заедно со децата од Дневниот центар при Меѓаши, играа, спортуваа, се смееја и забавуваа. Најголема атракција беше настапот на маѓионичарот Кристиан, кој со своите трикови ги насмеа и развесели подеднакво и децата и возрасните.

 

Децата ги покажаа своите способности во разни спортови и детски игри, како и нивната посветеност и креативност преку работилниците каде цртаа и подготвуваа разни ракотворби и украси. Со купување на овие детски ракотворби се собираа средства за поддршка на СОС телефонот за деца и млади, кој речиси 20 години работи во рамките на Меѓаши како служба за  директна помош и поддршка на децата.

 

“Покрај желбата да дадеме поддршка и помош на децата, со овој настан воедно одбележуваме и неколку важни поводи”, вели Бранка Бугариска, маркетинг менаџер на Сивус. “Имено, на 17 мај се одбележува Денот на ChildHelpline International, која ги обединува СОС сервисите за помош на деца и млади од земји во светот. СОС линиите низ светот ќе ја прослават својата клучна улога за детска заштита. На овој ден, истотака се одбележува и Светскиот ден на телекомуникациите и информатичката технологија, годишен настан кој е координиран од страна на Меѓународната унија за телекомуникации”, објаснува Бугариска.

 

“Со соработката со Првата детска амбасата во светот – Меѓаши, преку овој настан ја одбележуваме и 20 годишнината на оваа прва регистрирана меѓународна, невладина и непрофитна организација во Република Македонија за заштита на правата на детето.  Дополнително, настанот го организираме и во пресрет на 1 јуни, Меѓународниот ден на децата”, додава Бугариска.

 

“Многу сме благодарни на Сивус кои својата игротека ја отворија и за децата и од Дневниот центар при Меѓаши, и со радост ги прифатија и заеднички се дружеа”, вели Даниела Трајковска, Координатор на СОС телефонот за деца и млади, при Првата детска амбасада во светот Меѓаши. “За децата од центарот ова дружење е од големо значење и претставува навистина посебен настан. Поминавме прекрасен, сончев и весел детски ден, кој верувам дека секогаш ќе го паметат”, додаде Трајковска.

 

Овој настан е дел од годишната програма наменета за децата на вработените на Сивус, насловена “Сивус Кидс” (“Seavus Kids”).Во рамките на програмата се опфатени повеќе активности, меѓу кои и поддршка на деца од магинализирани социјални групи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Исчезна дете од Куманово
Исчезна 4-годишниот Агрон Небиу од Куманово
3
Што кога ќе дојде до неверство во бракот?
Неверството е една од најдлабоките повреди што може да му се случат на еден брак. Тоа не е само прекин на довербата. Тоа...
3
Што значи вистинска љубов во реалниот живот?
Во филмовите љубовта често изгледа како магија, толку интензивна, страствена, драматична. Сцените се исполнети со големи...
3
Да бидеш нечие светло во темнина
Секој ден носи можности да бидеме светлина за некого. Помошта не мора да биде голема, ниту скапоцена. Понекогаш тоа е са...
3




Анкета

Ime za devojce
boni25

Koe od slednive iminja najmnogu vi se dopagja?

Ilina (16%)

Nina (17%)

Dea (8%)

Kaja (20%)

Jana (26%)

Anja (14%)


Број на сите гласови: 598

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!