Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
                    			   
                    			
Истото тоа породување, за жената која соработува со своето тело, која ја поднесува болката и напоните како нешто добро, која мисли на позитивен исход, сигурно ќе биде искуство кое ќе ја направи посилна за улогата на мајка и жена.
Во текот на породувањето карлицата се шири природно, а мускулите на вратот на материцата и вагината се опуштаат за детето да може да помине низ нив. Тој процес можете да го поддржите со слушање на вашето тело, движење, смеење, опуштено дишење и подготвеност да ја поднесете болката како нешто природно.
Обично жените се прашуваат како може низ толку мал отвор да излезе нешто толку големо, но женскиот полов орган е еднакво способен да расте, како и машкиот. Единствена разлика е во тоа што вагината е скриена од погледи. Исто како што и материцата може да се прошири за во неа да се развијат две и повеќе деца, нема причина да мислиме дека и другите делови од нашето тело, вклучени во породувањето, не би можеле да го направат тоа.
За да разберете што се случува со вашето тело, време е да се запознаете со својата карлица, која е најдиректно вклучена во породувањето. Тоа е коскен премин низ кој вашето бебе патува кон светот. Во текот на бременоста вашето тело произведува хормони кои ги омекнуваат зглобовите на карлицата, за да ја зголемат нејзината флексибилност и со тоа да помогнат во раѓањето на детето.
Женската карлица се состои од четири коски меѓусебно поврзани со лигаменти. Хормонот релаксин ги опушта лигаментите во доцната бременост, кога вашето тело се подготвува за породување. Карлицата која се чини мала додека лежите, станува значително голема кога сте во положба на сите четири, односно на раце и на колена.
Моќта на гравитацијата
Со својот раст детето притиска надолу и на крајот на бременоста главата, која е најтешка, под влијание на гравитацијата се поместува надолу и ја следи кривата линија, па доаѓа до карличната коска. Обликот на коската ја насочува главата, а силата на гравитацијата овозможува полесно отворање на карлицата, па просторот низ кој детето излегува може да се прошири и до 28%.
И задникот се поместува во текот на породувањето и го проширува просторот за дополнителни 2 сантиметри.
На гравитацијата и помагате со своето движење. Накратко, не седете на коските бидејќи на тој начин го спречувате нивното ширење. Можете да се спуштите на сите четири и да клекнете, да ги поставите нозете настрана или да седите на нозете. Во секој случај треба да го користите телото и да избегнувате лежење. Одете по скали ако е тоа можно.
Патување на бебето на свет
Најдобро во текот на породувањето е да притискате кога ќе добиете природен нагон, а не кога тоа од вас се бара.
Ќе ви помогне и ако знаете дека бебето нормално напредува низ породилниот канал кога притискате и нормално дека се враќа малку наназад кога ќе престанете да притискате Тоа никако не значи дека треба да притискате уште посилно за породувањето да напредува. Тој процес е потребен бидејќи и овозможува на вагината постепено да ја постигне големината неопходна за премин на детето, па е поголема веројатноста да не дојде до рез на меѓичката.
Предности на вагиналното породување
Ќе наведеме само неколку предности на вагиналното породување, а на вас останува да се вратите кон себе, да се нурнете во длабочините на вашата психа и да го извлечете она исконско што го носи секоја жена:
- докажано е дека вагиналното породување е побезбедно од царскиот рез (со исклучок на итните случаи)
- искуството на активното породување ја прави посилна секоја жена
- можноста од воспоставување на доењето е само неколку минути по породувањето
- вагиналното породување психолошки ги поврзува сите жени
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Секој ден по малку и животот се менува
Понекогаш мислиме дека големите промени бараат големи чекори, драматич...
Кога бременоста не доаѓа брзо како што сме очекувале
Неплодноста е чувствителна и емотивно предизвикувачка тема. Многу паро...
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате....
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...