namesp во 10:11
Што не смеете да кажете на жена по спонтан абортус
Редакција Рингераја, 26.2.2012
Проблемот е тоа што тие кои тагуваат по загубата можат да се почувствуваат дека немаат поддршка и дека никој не ги разбира. Пријателите кои не поминале низ спонтан абортус ќе се обидат да им помогнат и да ги утешат, но обично не знаат што да кажат и најчесто не кажуваат ништо.
Во тие тешки моменти на загуба, треба посебно да се внимава кои утешни зборови ќе се употребат, бидејќи некои фрази може да бидат особено болни. Прочитајте кои и зошто.
1. “Секогаш можете да се обидете повторно” – Крајната цел на желбата за бременоста не е да се појават две цртички на тестот за бременост, туку бебето да одрасне во семејството. Многу жени ќе се обидат во втора и трета бременост, но секогаш ќе тагуваат за бебето кое го изгубиле.
2. “Бидете благодарни на децата кои ги имате” – Тагата од загубата на бебето не се намалува со љубовта која се чувствува кон другите деца. Тие нема да го заменат загубеното бебе. Во овој случај – жалењето е здраво.
3. “Знам низ што поминуваш” – Освен ако не сте поминале низ спонтан абортус, ова може да биде многу мала утеха. Сепак, ако сте доживеале загуба, можеби ќе биде олеснувачки да се стопите заедно во истата тага.
4. “Барем не бевте подолго време заедно” – Постојат жени кои ќе се согласат дека колку подолго траела брееноста, толку е потешко. Проблемот со тагата е индивидуален и не треба да се става во временски рамки.
5. “Тоа не беше вистинско бебе, беше само фетус” – А фетусот е - бебе. Мајките чувствуваат промени во своето тело многу рано, со што е започнат процесот на мајчинството. За неа тоа е вистинско бебе.
6. “Барем не го имавте видено бебето” – Тоа е основа на проблемот – мајката никогаш и нема да го види тоа бебе. Не само што тагува по бебето кои не го видела, туку тагува и од фактот што никогаш нема да го види. Мајката го сака своето бебе од моментот кога дознала дека е бремена.
7. “Веројатно така е најдобро” – Спонтаните абортуси се случуваат од многу причини, а Вие не знаете што довело до оваа загуба. Најдобро за кого? За мајката? За бебето? Ова не прави човек да се чувствува подобро.
8. “Нема да се случи повторно” – Секоја жена се надева дека се' ќе биде во ред со следните бремености, но понекогаш тоа не е. Жените кои имаат повторливи абортуси, секогаш се сеќаваат на утехата од претходниот пат и уште потешко ќе се справат со овој пораз.
9. “Продолжи со својот живот, ова не е крај на светот!” – Тагата е нормална, природна и многу важна. Да се каже ова по кратко време по спонтаниот абортус, нема да има ефект.
Се прашувате што да кажете?
“Жал ми е”, ќе биде сосема доволно.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Бремените жени се соочуваат со бројни промени во бременоста, а една од нив е појавата на опстипација (запек)

Дали забележавте дека бебето во матката реагира на силното смеење и на одредена храна, со нагли движења? Некои работи шт...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
