|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Цистит е воспаление на мочниот меур, најчесто предизвикано од бактериска инфекција. Најчесто се јавува кај жените поради близина на уретрата до анусот и пократката должина на уринарниот канал.

image
Женско здравје Цистит
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Кои се најчестите симптоми на цистит?

  • Често и итно мокрење, дури и кога има многу мала количина урина
  • Печење или болка при мокрење
  • Заматена или непријатен мирис на урината
  • Болка или притисок во долниот дел на стомакот
  • Понекогаш се јавува блага температура или траги од крв во урината

Што го предизвикува циститот?

  • Бактериите, најчесто E. coli што од дебелото црево навлегуваат во уретрата
  • Лошата интимна хигиена или премногу агресивно миење, како и употреба на несоодветни средства за интимна хигиена
  • Полов однос (т.н. „цистит по секс“)
  • Задржување урина подолго време
  • Невнесување доволно течности со што се јавува и слаба хидратација
  • Употреба на нестерилни тампони или влошки

Кога да се јавите на лекар?

  • Ако симптомите траат повеќе од 1 до 2 дена
  • Ако имате температура, мачнина или болка во грбот, што може да значи ширење на инфекцијата кон бубрезите, а со тоа и сериозни последици по здравјето, кои доколку не се третираат може да бидат фатални
  • Ако често имате повторувачки цистит

Како се лекува циститот?

  • Најчесто се лекува со антибиотици, по препорака од лекар
  • Паралелно се препорачува внес на многу течности, чаеви и избегнување на кофеин и алкохол, како и производи кои содржат кофеин во себе
  • Одмор и да се следат советите на гинеколог или уролог

Што можете да направите за превенција?

  • Пијте доволно вода секој ден и со тоа хидрирајте го организмот
  • Уринирајте веднаш по полов однос
  • Не задржувајте урина подолго време
  • По нужда задолжително бришете се секогаш од напред кон назад
  • Избегнувајте синтетичка долна облека и тесна облека
  • При купување нова долна облека задолжително пред носење исперете ја

Циститот во најголемиот број на случаи не е опасен, но е многу непријатен и не треба да се игнорира. Со навремено лекување и правилна нега, симптомите брзо се повлекуваат, а со добра превенција може и целосно да се избегне.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Трудна сум. Како да се соочам со таа нова ...
Постојат моменти во животот што го менуваат целиот наш свет за една секунда.Еден од нив е позитивен тест за бременост.
4
Тестови за бременост
Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
3
Сончање во бременоста
Пред на го изложите своето преубаво трудно тело на сонце, прочитајте што (не) им се препорачува на идните мајки, кога е ...
3
Како делуваат лековите во организмот?
Секојдневно, милиони луѓе земаат лекови, за главоболка, покачен притисок, инфекција или одредена хронична состојба.
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali pravevte mekici koga vi se raga dete?

Da (75%)

Ne (25%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!