vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Целта на овој настан како и секоја година е да обезбеди хуманитарна помош за оние припадници на општеството на кои таа им е најпотребна. Семејниот Базар е дел од долгорочната определба на училиштето да обезбеди квалитетно образование кое вклучува развивање на свест за општествена филантропија од најмали нозе. Средствата од овогодинешниот настан ќе бидат наменети за организацијата “Дајте ни крилја“ која им овозможува на хендикепирани лица да учествуваат во активности како што се пливање и јавање коњи, државното училиште за рехабилитација на деца и младинци Димитар Влахов и НОВА Центарот за диференцирано учење во кое се работи со деца коишто учат поразлично.
Посетителите ќе можат да купат уникатни сувенири и традиционални дела, како и книги од различна област на англиски јазик по многу пристапни цени. Воедно, посетителите ќе можат да го почувствуваат мирисот и вкусот на традиционалните кујни на многуте земји од каде што потекнуваат учениците на НОВА. За време на настанот ќе се организира и лотарија со голем број на награди донирани од спонзорите на настанот. За најмладите посетители ќе биде организирано и детско катче, а учениците на НОВА ќе се претстават со свои музички и танцови точки. Во склоп на настанот ќе биде организиран и кошаркарски турнир.
Влезот за семејниот базар е бесплатен, а настанот е отворен за сите заинтересирани хумани луѓе. Од досегашните семејни базари, училиштето има обезбедено помош за Домот на доенчиња од Битола, Центарот за рехабилитација на млади, Домот за деца без родители “11 октомври“, невладината организација „Отворете ги прозорците“, и Детската болница во Скопје.


3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Нега на кожа со флеки и пигментација
Темните дамки на кожата се чест проблем кој може да се појави по излож...
Цицање палец, утеха, навика или потреба?
Цицањето палец е една од најчестите навики кај бебињата и малите деца....
Кога да започнете да му читате на бебето?
Можеби звучи рано, но со читањето не мора да чекате бебето да почне да...
Цвеклото е коренест зеленчук кој лесно може да стане дел од балансиран...
Што да направите кога детето е мета на исмејување?
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, р...