Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Бред и Анџелина на малите луѓе! Така ги нарекуваат пријателите Амбер и Трент, бидејќи имаат свои, а посвоиле и деца од различни култури.
Тие се нарекуваат себеси “вистински седум џуџиња” и со оглед на нивната големина велат дека се стремат да ги одраснат своите деца во светот кој не е создаден за нив.

Наместо да го приспособат својот дом на нивната височина, тие ја направиле својата куќа со тавани високи колку и другите куќи, со маси и столици како кај луѓето со нормална височина, шкафови и прекинувачи на светлината со нормална височина. На тој начин се трудат да ги научат децата да ги совладаат пречките кои ќе ги следат цел живот.
Амбер и Трент се сретнаа на конвенција на малите луѓе, се забавуваа четири години и стапија во брак. По четири месеци Амбер остана бремена.
Трент потекнува од семејство на џуџиња, но Амбер потекнува од семејство со нормална големина. Тие беа свесни дека нивното прво дете може да биде со нормална големина, но на 31 недела од бременоста открија дека и бебето ќе биде со џуџест раст.
Беа многу среќни, бидејќи сакаа и нивните деца да бидат како нив.
Раѓањето на второто биолошко дете Елизабет беше многу трауматично за Амбер. Нејзината висина од 129 cm се намали на 121 cm и бременоста и предизвика сериозни здравствени проблеми.
Бидејќи и двајцата сакаа големо семејство, а не сакаа да ја изложуваат Амбер на ризична бременост, одлучија да го прошират своето семејство со повеќе џуџина.

Децата со џуџест раст често се даваат на посвојување во други земји, но се лошо третирани заради нивните разлики.
Трент и Амбер одлучија да прифатат три деца од различни места во светот – Ана од Сибир, Алекс од Јужна Кореја и Ема од Кина.
За телевизијата ABC на шега изјавија дека тие се Бред и Анџелина на малите луѓе, заради начинот на кој прегрнале различни култури во своето семејство.
Џонсонови не зеле заем, ниту пак добиле помош од некоја влада за нивните деца и покрај тоа што се вбројуваат во луѓе со инвалидитет.
Наместо тоа, тие се потпираат на својата работа и на грантови на разни хуманитарни организации.
Иако луѓето зјапаат во нив, Џонсонови се обидуваат да живеат нормален живот. Амбер изјави дека некои луѓе дури и запираат за да се фотографираат со нив. За децата животот е уште потежок, бидејќи понекогаш се исмејувани од заедницата.

“Кога Елизабета беше во трето одделение, едно дете ја нарече џуџе. Таа едноставно им рече – Бог ме направи таква. Тоа е начинот на кој тој ме сака мене.”

3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...