Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
(Скопје, 28.05.2012) – Од први јуни до 31 декември 2012 година весникот Ден ги посветува на децата од СОС детско село.
„Од први јуни, кој го избравме како Светски ден за грижа за детето, до крајот на годината еден денар од секој купен весник Ден ќе донирате во СОС детско село. Во исто време, 5% од секоја реклама во весникот ќе биде дел од фондот за донации. Колку и да звучи излитено и веќе кажано како фраза пред нас навистина стои предизвик за будење на свеста за проблемите со кои се соочуваат дел од децата, оние кои немаат среќа како останатите деца да живеат со своите родители и затоа ја избравме токму оваа дата, да покажеме дека сите треба да се грижиме за децата. Изминативе години, сведоци сте самите дека голем дел од вас, наши колеги пишувале за проблемите во домовите за згрижување на овие деца Многупати нашите текстови будат реакција, но пак некогаш ниту тие не се доволни за да се покрене една поголема кампања без којашто резултатите се секогаш скромни“, изјави главниот уредник на весникот ДЕН, Коле Чашуле.
За претставниците на СОС детско село за поздравување е самата кампања.
„Принципот на функционирање на СОС Детското село е уникатен и треба да се поддржи опстанокот на оваа форма на грижа во нашата земја. Нашата мисија и она за што се залагаме е ТОПОЛ ДОМ И ГРИЖА за секое дете. Секое дете заслужува да има дом, да почувствува љубов и сигурност и да му се даде еднаква можност да биде креатор на својата иднина. Во нашите 12 семејни куќи сместени се 80-тина деца од 3 до 15 години кои живеат заедно со нивните СОС мајки а во рамките на нашите превентивни програми подржуваме околу 350 деца на кои им е потребна вашата помош. Сите деца се од различни средини, различна националност и различни делови на Македонија. Ги повикувам сите родители, мајки, татковци, баби, дедовци да не ги забораваат овие деца кои не се виновни за својата судбина и да не ги забораваме оние вредности на кои не учеа нашите родители, - на хуманост и солидарност. Од денес секој ДЕН ќе биде посреќен ДЕН за децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО но и Вие одлучувате за тоа“, изјави Јулијана Гапо, Национален директор на СОС Детско село.
Партнери на акцијата се телевизија Алфа, Зоран и Маја Љутков, Драган Довлев директор на театарот за деца и младинци и Билјана Беличанец. Тие заедно со медиумите ќе се обидат во следните неколку месеци да ја подигнат свеста за потребата од донации и хуманост онаму каде е најпотребно.
4
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја препознаете овулацијата без тестови?
Вашето тело испраќа сигнали, прашањето е дали ги слушате....
Како природно да го подобрите спермограмот?
Подобрувањето на спермограмот е тема што сe почесто ги интересира мажи...
Нега на кожа, најдобри производи според нејзиниот тип
Да се изберат најдобрите производи за нега на кожата според типот на к...
Знаци дека бебето не напредува како што треба
Кога е нормална варијација, а кога е време за проверка?...
Што да избегнувате кога се обидувате да забремените?
Мали навики што можат тивко да ги намалат шансите....
Влакна на градите.
пеперутка16
Дали имате влакна на градите? И како се справувате со нив... дали ве вознемируваат и дали ги отстранувате?