Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Интернационалниот детски музички фестивал ќе се одржи на 11.10 и 12.10.2014 година во Центарот за култура "Марко Цепенков", Прилеп, со почеток во 19 часот.
Организациониот одбор на фестивалот доделува 20 гратис влезници на читателите и корисниците на семејниот портал Рингераја.мк - по 10 за секоја фестивалска вечер.
Фестивалот “Ѕвездички” е интернационален детски музички фестивал и тоа е она што го прави да биде единствен и поинаков од останатите детски фестивали во Македонија.

“Ѕвездичките” својот зачеток го имаа пред 14 години кога во 2001 година за првпат ја постави својата сцена во Домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп. На својата премиера “Ѕвездички” имаше само една фестивалска вечер што беше доволна за да покаже дека на македонската музичка сцена се појави нешто ново и квалитетно. Потврда за тоа е и покана за членство од WAF (Светска асоцијација на фестивали), со што “Ѕвездички” стана единствен детски музички фестивал во Македонија со интернационален карактер.
Веќе од наредната година Фестивалот почнува да расте и се одржува во три натпреварувачки вечери од кои две полуфинални и една финална. На сцената продефилираа учесници од целиот свет и со себе понесоа убави впечатоци, што воедно претставуваше задолжение и предизвик Фестивалот од година во година и понатаму да расте, во квалитет и квантитет.
Минатите години фестивалот со свое присуство го почестија деца-учесници од: Аргентина, Русија, Италија, Франција, Германија, Полска, Египет, Израел, Кина, Белорусија, Бугарија, Украина, Малта, Хрватска, Србија, Црна Гора, Романија, Молдавија, Словенија, Грузија, Босна и Херцеговина, Либан, Албанија.

Освен трите фестивалски вечери што го претставуваат натпреварувачкиот дел од Фестивалот, со цел гостите да се запознаат со нашата уметност, култура и традиција, предвидени се и повеќе придружни манифестации како на пример екскурзии до некои културно-историски знаменитости во градот и надвор од него, посети на музеи, приеми, културно-забавни активности и завршниот коктел “Македонска вечер” каде што е презентирана македонската народна кујна и македонската староградска музика, со што се комплетира сликата за нашата земја на учесниците од светот.
На финалната вечер драги гости ни се амбасадорите и претставници на амбасадите на земјите учеснички.

И не само тоа. Фестивалските активности не завршуваат со самото завршување на Фестивалот. После тоа следуваат настапи на најдобрите учесници од Македонија на други вакви интернационални фестивали низ светот од каде што како по навика се враќаме со освоени награди, а наша посебна гордост е нашиот сограѓанин Денис Димоски кој што ја претставуваше Македонија на Детската евровизија во Белгија и кој што освојувал награди низ целиот свет.

Во наредниот период се планирани гостувања на наши учесници во: Санкт Петербург, Москва, Барселона, Варна, Малта, Жонзак, Мариупол, Нови Сад, Прага, Сочи, Берлин, Честохова, Модена, Киев, Витебск и други.

Благодарение на овој проект нашите учесници за првпат имаат можност да ја претстават нашата земја на овие простори и гордо да застанат под македонското знаме поставено на сцените заедно со другите знамиња.
ИМАТЕ ЖЕЛБА ДА ГО ПОСЕТИТЕ ОВОЈ ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ?
СЕ што треба да направите е:
Да ја следите ФАН страницата на Рингераја на ФБ на која ќе биде објавен почетокот на играта на подароци (четврток 09.10 и петок 10.10.2014 година)
Потоа:
Ставете лајк на статијата.
Споделете ја статијата.
Коментирајте на статијата оставајќи ваше име, презиме и адреса на живеење.
Најбрзите ќе станат добитници на гратис влезници.
РИНГЕРАЈА.МК И ЅВЕЗДИЧКИ ВЕ ОЧЕКУВААТ!
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Спортот и плодноста, умереностa е важна
Физичката активност е еден од најважните столбови на здравиот живот, н...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)