Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Во последните години, рибата освен поради лесно сварливите протеини, важна е и поради тоа што содржи »добри« масти. Рибиното масло содржи долговерижни незаситени ω-3 масни киселини, повеќе еикозапентаенска киселина (EPA) и докозахексаенска киселина (DHA). Содржината на мастите во рибата зависи од типот на рибата, сезоната и температурата на водата во која живеела рибата. Кога ќе се земат во предвид сите споменати фактори, уделот на мастите во рибата осцилира од 15-50%.
Рибиното месо има поволен хранлив состав и треба да се понуди на новороденчето по навршениот шести месец. Откако успешно сме вовеле месо во исхраната на новороденчето, можеме да пробаме периодично да го замениме со масна морска риба (препорачуваме да биде застапена еднаш неделно). Со тоа ќе ја збогатиме исхраната на новороденчето и истовремено ќе му овозможиме внес на важни хранливи материи. Споменатите ω-3 масни киселини (EPA и DHA) имаат важна улога кај новороденчињата во развој на острина на видот, растот и психомоторниот развој. Покрај тоа во морската риба се наоѓаат и витамините А и Д, кои се растворливи во масти. Рибата исто така е и еден од најбогатите извори на јод во исхраната.
При конзумирањето на риба традиционално сме загрижени поради тешките метали, но тоа не може да се спореди со позитивните ефекти кои рибата ги има за растот и развојот на новороденчето. Треба да се внимава и да се направи прав избор на риба. Познато е дека поголемите и постарите риби акумулираат поголема количина на тешки метали.
Затоа за исхрана на новороденчето се препорачуваат млади и мали риби кои се наоѓаат на почетокот на синџирот на исхрана. Одберете риби како што се скуши, ослиќ, сардела и лосос. Тешки метали обично содржат туната, ајкула, како и риби од Балтичко море па поради тоа не се препорачуваат за исхрана на новороденчето.
Подготовката на оброк со риба може да биде многу едноставна и брза, бидејќи на рибата за разлика од месото и е потребно пократка термичка обработка. Треба да внимаваме само на тоа да рибата ја припремаме на здрав начин односно да ја вариме, динстаме или печеме, никако на доенчето да му даваме пржена риба. Некогаш малку повеќе работа има околу чистењето на рибите од ситни коски. Кога подготвуваме риба како оброк за доенчиња и мали деца, мораме потполно да ја исчистиме од коските (најефикасна метода за чистење на риби од коски е дробење на вареното рибино месо помеѓу прстите). За да подготовката на првиот оброк со риба ви биде полесно, подготвивме неколку интересни рецепти кои можете да ги испробате за доенчињата кои наполниле шест месеци.
Тестенини со лосос
Подготовка:
Лососовите филети ставете ги на алуминиумска фолија, претходно намрсена со масло и обложете ги со олупениот и насецкан домат. Сето тоа завиткајте го во аламиниумска фолија и печете 20 минути на температура од 180 ?C целзиусеви. Во меѓувреме сварете ги тестенините.
Од печениот лосос прво отстранете го доматот, потоа иситнете го и притоа одстранете ги сите коски. Иситнетиот лосос изгмечете го заедно со доматот и сокот кој е останат од печењето и додајте ги варените тестенини. На крај додадете една лажичка од маслиновото масло и послужете.
Ослиќ со компир и спанаќ
Подготовка:
Филетите од риба испечете ги во тава. Посебно сварете го компирот, а посебно спанаќот. Варениот компир изгмечете го и додајте му мали парчиња рибино месо, што претходно сте го исчистиле од коските. Во компирот со риба додадете масло од репка.
Варениот спанаќ ситно исецкајте го и послужете го со риба и компир.
Лосос со пире од карфиол
Подготовка:
Лососовото филе испечете го во тава. Карфиолот сварете го и изгмечете го со малку од водата во која се варел така што да добиете каша. Во карфиолот додадете мали парчиња печен лосос и лажица масло од репка, а потоа заедно измешајте за да добиете каша. Рибината каша послужете ја со варен ориз.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?