vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Главната состојка на оваа спасоносна таблета е салицин, кој ги смирува болките, а се наоѓа во познатото јаткасто овошје. Една рака бадеми е природен аспирин, има подолготрајно дејство и нема несакани ефекти.
Главоболката обично се појавува во задниот дел на главата и предизвикува послаба концентрација, раздразливост и омалаксаност. Со оглед на тоа дека предизвикувачи на главоболка најчесто се стрес, напнатост, грип, настинка, воспаление на синусите и пречки во дигестивниот систем, стручњаците ја третираат оваа појава како симптом, а не како болест.
Понекогаш лекот за главоболката се бара во алтернативните методи како медитација, пиење вода, опуштање, но и во храната. Имено аспиринот, најчестиот брзопотезен отстранувач на болки, може да биде заменет со една рака бадеми.
Салицинот е противвоспалителна состојка која во бадемите ја има во поголеми количини, а со оглед на ефективноста, многумина го нарекуваат и природен аспирин. Освен тоа, бадемите содржат голема количина на магнезиум, кој е важен за подобра циркулација на кислород и нутритиенти, кои му помагаат на организмот да се опушти и да ја намали раздразливоста.
Една рака бадеми или 10-12 парчиња дневно го намалуваат стресот и ја спречуваат главоболката, а плодот може да се јаде и сиров.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...