Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Со овој проект, таа започнува ново музичко поглавје во кое автентичноста, емоцијата и личната слобода се во центарот на нејзиниот израз.
„Феномен“ е современа поп композиција со модерен звук, која носи порака за индивидуалност, различност и храброст да се биде свој. Песната зборува за личност која не се вклопува во шаблони, туку токму во тоа ја наоѓа својата сила“, вели Полина
Видео записот за песната е снимен на неколку локации, со симболични и минималистички елементи каде ја прикажува уметницата во различни состојби – од ранливост до самодоверба. Преку динамични сцени и внимателно избрана естетика, видеото ја пренесува пораката дека вистинската слобода доаѓа кога ќе ги надминеме сопствените ограничувања.
Со ова издание, Полина Тас продолжува да го гради својот препознатлив музички и визуелен идентитет, најавувајќи серија нови песни и видео записи кои ќе ја откриваат нејзината уметничка визија.
Феномен“ е дел од истоимениот музички проект на Полина, кој ќе биде објавен постепено во текот на годината.
Во овој музички проект учествуваат; Иван Костадинов-Панда како продуцент и автор на песната, зад видео записот се потпишува Владислав Гавриловски, уметникот Бојан Ковски кој воедно е и главниот машки лик во спотот. Модните уникатни креации се на Мите Занов, а зад целата идеа на видеото стои креаторот Андреј Папаз.
Видео записот за „Феномен“ е достапен на YouTube и сите дигитални платформи.
https://youtu.be/wktnsOR-S5w?list=RDwktnsOR-S5w
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Дали палавштините се знак на здрав развој?
Кога детето почнува да трча, да истражува, да поставува безброј прашањ...
Кога овулирате? Откријте ги вашите најплодни денови
Доколку планирате бременост, познавањето на времето кога овулирате мож...
Дали обилните менструации се знак за плодност?
Многу жени веруваат дека обилната менструација е показател за добра пл...
Кога на жените им се потребни лекови за плодност?
Лековите за плодност можат да им помогнат на одредени жени кои имаат п...
Гадење и повраќање за време на бременоста
Гадењето и повраќањето се меѓу најчестите симптоми во раната бременост...