|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Преживеала 4 срцеви и мозочен удар на породување!

Редакција Рингераја, 19.4.2012
Не знаев која сум и што сум за време на породувањето! Г-ѓа Кормак претрпела емболија со амнионска течност, што се случува во 1:20000 случаи кај бремените жени

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Чудо од мајка преживеала четири срцеви и мозочен удар за време на раѓањето на близнаците. Џорџ Кормак (33) скоро почина откако го роди нејзиното прво бебе Оскар. Нејзиното срце  престана да работи, а таа доживеа двоен удар.

Нејзиното второ дете Кони не дишеше кога се роди, но беше вратено во живот од докторите во Colchester General Hospital, Essex.

Госпоѓа Кормак преживеа емболија со амнионската течност – ретка и смртоносна појава која може да се случи на 1:20000 трудници.

Амнионската течност во која живее бебето влегува во крвотокот на мајката и предизвикува алергиски реакции.

Мајката на двете деца вели: “Кога требаше да го прославувам најсреќниот момент во мојот живот, не знаев која сум, што сум и што правам таму. Бев во неможност да ги разберам сите чудни звуци кои ги правеа луѓето околу мене”.

Таа беше ставена во индуцирана кома, која ќе му помогне на телото да се опорави. Потоа и следеше тримесечна борба во која повторно научи да зборува и да се движи со помош на нејзиниот терапевт Алисон Врен.

Сега, 10 месеци по нејзиното тешко искушение таа е во можност да ужива во животот со своите близнаци во својот дом во Тексас.

“Поминав низ трауматичен и стресен период. Но најмногу од се', се чувствувам среќна. Голема среќа е што останав жива и што имам терапевт како Алисон, за да можам да ја раскажам мојата животна сторија. Не можете ниту да замислите колку сите вложуваа во моето опоравување. Моето семејство и мојот терапевт се херои!”

 

cudo

 

Џорџ ја опиша својата долга и исцрпувачка битка за опоравување. Таа морала да се врати во прво одделение, да ја учи азбуката и да учи препознавање на предметите.

Г-ѓа Врен вели: “Џорџ напредуваше многу добро. Она што ќе го предвидев за работа во една седмица, таа сакаше да го завршиме во еден ден. И навистина и одеше добро. Никогаш не сум видела некој кој е толку решителен. Тоа што Џорџ се врати во денешната позиција е неверојатно.”

Г-ѓа Кормак изјави: “И благодарам на мојата терапевтка. Таа ми го спаси животот. Му благодарам на тимот во болницата, на докторите, сестрите и акушерките кои ни ги спасија животите за време на несреќниот настан. Им благодарам на тимовите за нерво рехабилитација, кој ме вратија во живот.”

Г-ѓа Кормак е повторно дома со сопругот и двете бебиња и се надева дека за скоро ќе биде во можност да се врати на работа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Трудете се да живеете здраво
Здравите животни навики се важни уште од самиот почеток на бременоста.
5
7 знаци дека ќе се породите за 24-48 часа
Ако сте за прв пат мама, веројатно постојано ви се чини дека ги препознавате раните знаци на породување. Навистина се ра...
4
ВИДЕО: Близнаци се тепаат во матката на ма...
Ривалството помеѓу децата во семејството може да започне уште пред раѓањето. Истражувачи од Лондон успеале да направат и...
4
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето ...
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладување со освежителни пијалаци, едноставно време за ужи...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali preferirate pilates?

Da (20%)

Ne (60%)

Ponekogas (20%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!