Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Нина е родена на 9 мај 2008 година и се развиваше нормално до 1 година, кога почна да оди во градинка и кога дојде и првата инфекција со многу висока температура и првите невролoшки симптоми на треперење на рачињата и нозете, што се повлече после некое време, но не исчезна.
Следната инфекција беше со повраќање и дехидратација и набрзо потоа и нова инфекција со кашлица кои и направија голема штета. Нејзиното мало тело не можеше да се држи исправено, постојано се тресеше, единствено што можеше да прави е да лежи.
По ова опоравувањето одеше многу, многу потешко, но сепак Нина се справуваше со телесните проблеми и секој пат беше насмеана. Нина и Дарин заедно со родителите заминале во Германија, да и овозможат подобри услови за Нина, од здравствен аспект, но и од финансиски.
За жал, веднаш по пристигнувањето во Германија Нина завршила во болница каде ја задржале на интензивна нега 50 дена. Таму и била соопштена дијагнозата, за по неколку месеци да се потврди и со генетското испитување. За ова лекување на болницата треба да и се платат 50 000 евра.
Три недели потоа, повторно Нина завршила во болница каде и била направена операција за ПЕГ сонда, за исхрана со специјално формулирано млеко. Како резултат на целата оваа ситуација Нина не може да се движи воопшто, не може да седи сама, не може да ги движи рачињата или нозете, не може да ја движи и да ја држи главата, не може да зборува и да јаде, единствено што може е да слуша и да гледа.
Постои експериментален препарат, ЕПИ-743, кој што се уште не е во продажба, но е во фаза на испитување и го примаат само 10 деца во Италија и околу 20тина во Америка. Родителите на Нина се во контакт со д-р Гај Милер директор на Едисон Фармацеутикал одговорен за тие студии од кој добиле дозвола девојчето да го прима лекот ЕПИ-743. Но сега треба да направат услови, технички и кадровски за да го прима тука, затоа што за нас секое патување е многу голем ризик.
- Исцрпени сме во секој поглед, со оглед на тоа дека во моментов сопругот е на преод од едно на друго работно место и без осигурување, Ви се обраќаме Вам Почитувани, кој може, како може и колку може да ни помогне во битките, зошто ова е борба за нашите деца, за Нина и Дарин, а тоа е борба без крај, замолува мајката на Нина и Дарин.
Контакт:
tanja_milenko@yahoo.com ( Тања Миленковска Димковски) и blasko_dimkovski@yahoo.com (Блашко Димковски +491627584728)
Broj na smetka : 210-5016563117.15
Ime I prezime: Tanja Milenkovska Dimkovski
Za donacii od stranstvo
IBAN: МК07210501656311715
SWIFT: TUTNMK22
NLB Tutunska Banka AD Skopje
Vodnjanska 1
Makedonija
Телефони за донации
VIP 077 143 775
T-MOBILE 070 143 106
ONE 075 143 402
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Денес ве поканувамe да го видите убавото што веќе го имате....
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...