|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Породувањето започна – што сега?

Редакција Рингераја, 7.11.2011
Како ќе знам дека породувањето започна? Колку трае? Дали се контракциите болни и постои ли начин да се ублажат болките? Можам ли веднаш на царски рез? Дали епидуралната анестезија е штетна?

image
/11


 

 

Ова се некои од најчестите прашања кои трудницата ги поставува на курсевите во склоп на болничките установи. Наизглед банални прашања за докторот, но важни за идната родилка и мајка. Правилната едукација и психолошката подготовка, ќе отстранат повеќе дилеми и ќе и овозможат на родилката да отиде на породување максимално подготвена и едуцирана.

Непознавањето на одредени поими за раѓањето и погрешните информации од соседството, создаваат негативен став кон породувањето, на родилките им внесуваат страв, а често и паника. Тоа не само што му ја отежнува работата на докторот и на медицинските лица, туку еден природен чин наместо во задоволство се претвора во траума.

Иако е вистина дека породувањето е биолошка и механичка траума за жената, психолошкиот аспект е сепак поважен. Донесувањето на нов живот на свет е почеток на потполно нов начин на живот, родителство, грижи, обврски и љубов кон сопственото дете. Заради тоа е тој чин исклучително важен и може да се доживее како незаборавен и удобен почеток на нешто ново во Вашиот живот, и покрај сите тешкотии кои ги носи. За такво нешто нужно е да бидете максимално психолошки подготвени и добро едуцирани за се' што Ве очекува.

 

Почеток на породувањето

Породувањето пред навршени 37 недели бременост, го нарекуваме предвремено породување. По 37 недела породувањето е во термин, или навремено. Често постои страв ако породувањето не се случи во 40 недела од бременоста, што е неоправдано. Почетокот на породувањето го означува појавувањето на контракциите или прскањето на водењакот. Не е невообичаено ако трудницата доаѓа и неколку пати во болница заради болки, уверена дека породувањето започнало. Најчесто се работи за таканаречените подготвителни контракции кои се кратки и нерегуларни. Вистинските контракции траат најмалку една минута и се јавуваат во правилни временски интервали, во почетокот на секои 15 минути, а потоа во се пократки интервали. Заради тоа трудницата се советува да почека неколку часа, следејќи го времетраењето и регуларноста на контракциите и дури потоа да се одлучи да оди во болница. Водењакот може да прсне самостојно, или за време на контракциите. Секој сомнеж за прскање на водењакот е знак веднаш да се упатите кон болницата. Какво било крвавење е исто така знак веднаш да се обратите кај гинеколог.

 

Подготовка

Траењето на нормалното породување се разликува по тоа дали станува збор за прворотка или повеќекратна родилка. Прворотките раѓаат во временски интервал од 12 – 18 часа, а повеќекратните родилки значително побрзо. Заради тоа, по појавата на првите болки, не треба панично да се трча во болница. Ако сте сигурни дека породувањето започна, без паника истуширајте се, подгответе ли личните работи, кои Ви се потребни за престој во болница (тоалетен прибор, градник за доење, влошки за крвавење, влошки за доење и друго, по препорака на Вашиот лекар). Никако не ја заборавајте целосната медицинска документација за Вашата бременост, особено наодот за крвна група.

 

Доаѓање во породилната сала

Штом ќе стигнете во породилното одделение, ќе Ве прегледа дежурниот гинеколог кој ќе одлучи за понатамошниот тек на породувањето. Родилките често се изненадени од добивањето на клизма, што е рутинска постапка. Во нашите породилишта родилките цело породување го поминуваат во лежење, што не е случај во другите земји.

 

Породување

За време на породувањето од исклучителна важност е постојаното следење на состојбата на мајката и детето. На родилките редовно им се мери крвниот притисок, пулсот и се спроведува надокнада на течности. Неретко родилките повраќаат, најчесто на првото породување, што е несакано дејство на аналгетиците кои се користат за намалување на болките. Важно е да се истакне дека и мочниот меур не смее да биде полн за време на породувањето, бидејќи ги спречува контракциите. Состојбата на бебето се следи со кардиотокограф кој ги бележи отчукувањата на срцето и зачестеноста и интензитетот на контракциите.

 

Породувањето се дели на четири породилни фази:


Прва породилна фаза - го означува стадиумот на отворање на грлото на материцата. Почнува или со првите болки кои доведуваат до паѓање на слузниот чеп, или со прскање на водењакот. Болките се со слаб интензитет и траење во почетокот, за пред крајот на првата фаза да се јавуваат три пати во десет минути. Кај прворотките првата фаза трае од 8-10 часа, а завршува кога грлото на материцата од 2 cm. ќе се отвори на 10 cm. За тоа време родилката добива околу 150 контракции. Кај повеќекратните родилки оваа фаза трае од 5-7 часа. Ако водењакот прснал без појава на болки, немате причини за грижа. Во тој случај болките се очекуваат во следните 12 часа, под услов да нема знаци на инфекција. Првата породилна фаза е најтешка за родилките, посебно за прворотките, бидејќи трае долго, а болките се силни и чести.

 

Втора породилна фаза - е периодот на истискување на бебето. Почнува кога грлото е потполно отворено (10 cm.), а водењакот прснат. Контракциите се изразито чести и јаки. Кај прворотките трае 1-2 часа, а во текот на породувањето родилката добива околу 50 контракции. Болките се јавуваат на секои две минути и траат околу 100 секунди. Кај повеќекратните родилки втората фаза трае до 30 минути, а неретко и пократко. Во тој период доаѓа до спуштање на главата на бебето низ породилниот канал.  Пред крајот родилката добива неиздржлив нагон за туркање, како за столица. Тоа значи дека главата се наоѓа на крајот на каналот и дека наскоро ќе настапи породувањето. За тоа време треба внимателно да се следат советите на докторот и бабицата. Родилката се поставува во положба за раѓање. за време на најсилниот нагон за туркање потребно е со сета сила да го истисне бебето по советите на лекарот. Кога главата на бебето ќе ја пукне меѓичката се прави епизиотомија, која родилките не ја чувствуваат. Прво излегува главата, потоа предното, па задното раменце, па телото и нозете. Со самото породување завршува и втората фаза од породувањето. Бабицата ја подврзува попочната врвца и ја сече, по што за прв пат ќе го видите своето дете. Новороденчето е често прекриено со верникс (бел премаз), понекогаш е крваво, што не треба да Ве изненадува и плаши. Ако детето не заплаче веднаш по породувањето, немојте да очајувате. На новороденчето често му се потребни неколку минути за опоравување и прилагодување кон новите услови на живот. Вие и Вашето дете ќе добиете белегзии со матичен број. Секогаш добро погледајте го полот на бебето и споредете ги броевите на белегзиите.

 

Трета породилна фаза – почнува со раѓањето на бебето, а завршува со раѓање на постелката. Може да трае од 30-60 минути, но со активно учество на родилката, многу пократко. Секоја постелка детално се прегледува за да се избегне останување на ткиво во материцата. По вадењето на постелката потребно е да се сошие епизиотомијата. Честиот страв од шиење на епизиотомијата е неоправдан, бидејќи шиењето се спроведува со локална анестезија која ја блокира болката.

 

Четврта породилна фаза – означува стадиум на рано опоравување и трае околу 2 часа. За тоа време ќе бидете задржани во породилната сала на опсервација. Некои од компликациите, како што се крвавење и екламптички напад најчесто се случуваат во тој период. Заради тоа во Ваш интерес е  да бидете под непосреден стручен медицински надзор од профилактички причини.

 

По породувањето:

Два часа по породувањето ќе бидете преместени во болничка соба во одделот за родилки, каде ќе бидете задржани 2-3 дена, во зависност од Вашата и состојбата на детето.

На кој начин можете да си помогнете себеси?

  • со самоедукација, посета на курсеви за трудници, читање на литература.
  • редовни гинеколошки контроли за време на бременоста.
  • психолошка подготовка и поткрепа од семејството.

 

Со сите тешкотии кои ги носи, породувањето може да биде незаборавно доживување и удобен почеток на нов живот!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
9
Кои се знаците на инфекција по царски рез?
Инцизија и инфекции на матката се релативно чести по царски рез. Дознајте за вообичаените симптоми на инфекција по царск...
6
Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
5
Жолт исцедок за време на бременоста? Што д...
Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?