|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Подгответе се за излет со бебето

Редакција Рингераја, 30.4.2012
Проверете што задолжително треба да носите кога одите на излет со бебето?

image
/11


 

 

Како да одберете место за првомајски излет со бебето?


Кога одите со бебето во природа најважно е да одберете пристапно и безбедно место за престој. Најдобро е тоа да биде некое средено излетничко место, каде може брзо да се стигне со автомобил, но да биде доволно мирно и оддалечено од градскиот метеж. Исто така, ако бебето веќе лази, внимавајте тоа да биде место каде што нема да се повреди и носете доволно голема прекривка која ќе ја ставите на тревата. Изберете некоја убава сенка и уживајте.

 

Колку време бебето смее да престојува во природа?

Времето поминато во природа треба да го организирате во зависност од тоа каде одите и колку Вашето бебе е навикнато да престојува надвор. Ако станува збор за многу мало бебе, целодневниот престој во природа и одењето на место оддалечено од домот, нема многу да му годи, па најдобро е да излезете само едно претпладне или попладне. Ако бебето е поголемо, може да остане и малку подолго, особено ако забележите дека му е убаво. Но ако бебето стане нервозно, одбива да јаде и спие, тоа е знак дека треба да се пакувате.

 

Дали да го доите бебето додека сте на излет?

Секако дека треба да го доите бебето кога му е време за доење, без оглед на тоа каде се наоѓа. Немојте заради тоа да се колебате дали да одите или не. Дури ќе Ви биде и подобро ако доите, бидејќи нема да мора да се грижите за храна и шишенца со млеко.

 

Што треба да носите на излез со бебето?

Било каде и да одите, секогаш Ви се потребни основните работи, кои му се неопходни на бебето

-        пелени

-        крем

-        влажни марамчиња

-        суви марамчиња

-        шишенце вода и сок

-        дополнителна храна (кашички, кекси, млеко...)

 

Не заборавајте ќебенце, крпа, една до две чисти памучни пелени, приборот за јадење на бебето и топла вода во термос, со која ќе можете да го измиете бебето.

Бидејќи бебето може да се наводени или извалка, носете му облека за пресоблекување. Исто така, задолжително носете количка, бидејќи кога ќе дојде време за спиење, таму на бебето ќе му биде најудобно и најбезбедно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Слатко девојче експресно ја смири својата ...
Кога поголемата сестра Џесика за прв пат ја сретна својата новородена сестра, се случи нешто преслатко. Малата Ванеса по...
5
Трудница оживеала напуштено бебе со подој
Марија Саша Кристенсен (25) вратила во живот доенче со сопственото млеко, кое го пронашла оставено во ров покрај патот в...
5
Првата година од животот на детето (втор дел)
Сите родители се среќни ако детето нормално се развива и ако е здраво. За таквиот развој и самите можат да допринесат, а...
4
Науката потврди: Вие сте друга личност по ...
Повеќето од нас би можеле да признаеме дека сме доживеале избезумени мисли во текот на бременоста со кои го доведувавме ...
4




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?