Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Кај многу жени стравот е присутен од моментот кога ќе видат дека тестот за бременост е позитивен.
Во прилог се пет откачени стравови на трудниците:
- Утринските мачнини му оневозможуваат на бебето да добива доволно храна. Опуштете се. Без оглед на тоа колку ќе исфрлите од себе, Вашето бебе ќе си ги земе сите хранливи материи кои му се потребни. Добрата рабора е што нападите на мачнина и повраќање завршуваат до второто тромесечие. Во принцип, обидете се да јадете здрави оброци, да не бидете дехидрирани и да ги пиете пренаталните витамини, па и двајцата ќе бидете во ред.
Бебето знае кога имате секс – Сигурни сме дека носите генијалец, но верувајте, бебето нема појма за тоа што се случува вон материцата. Се' што чувствува е само благо нишкање.
Нема да стигнете во болница навреме – Сите сме слушнале луди приказни за породување во такси, авион или кабина за пресоблекување во шопинг центар. Во реалноста, многу жени имаат време да се истушираат, да ја исчешлаат косата, да ја спакуваат торбицата и да ги викнат своите најмили.
Со лежење на страна ќе го стиснете бебето – Бебето има доста простор за уживање во Вас. Прашање е само дали лежењето Ви е удобно Вам.
Водењакот ќе Ви прсне на јавно место и ќе направите поплава – На некои жени пукањето на водењакот им изгледа како голема поплава , но кај повеќето жени тоа е многу слаб, краткотраен млаз. Не грижете се дека ќе направите поплава додека чекате ред во продавница. На повеќето жени водењакот нема да им прсне до почетокот на активното породување, а до тогаш веројатно веќе ќе бидете во болница.
23
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога „уште не е време“ станува медицински ризик
Одложувањето на бременоста е лична одлука и често резултат на образова...
Промени во градите за време на бременоста
Промените во градите се природен дел од бременоста и знак дека телото ...
Семејството е местото каде што започнува сe
Тоа е местото каде што ги правиме првите чекори, каде што учиме што зн...
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...