|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Паметна храна за вашите малечки во ново пакување

Represent Communications, 22.6.2023
Пристигнувањето на бебе во вашиот дом е голема животна радост за секој пар. Тоа претставува период на интензивни промени на навиките и приоритетите каде родителите се трудат да бидат добро организиран тим

image
/11


Пристигнувањето на бебе во вашиот дом е голема животна радост за секој пар. Тоа претставува период на интензивни промени на навиките и приоритетите каде родителите се трудат да бидат добро организиран тим. Меѓутоа, свесни сме дека улогата на мајката во првите месеци е од примарна важност за правилен раст и развој на детето. Затоа се потрудивме на мајките да им овозможиме поголема удобност во првите месеци од преоѓањето на немлечна исхрана.

Ќе ви ја кажеме тајната на исхраната на најбрзите мајки, обрнете внимание бидејќи повеќе нема да има потреба да се грижите дали ќе имате време да го излупите, исцедите и изблендирате целиот оброк со цел вашето дете да консумира природна и нутритивно богата храна. Било кога и било каде, храната на Nutrino ќе помогне вашето бебе да биде задоволно и среќно, а вие да бидете сигурни дека сте му обезбедиле здрав и многу вкусен оброк.

Сакаме да бидеме ваш сојузник кога не постигнувате се, ваш партнер кога е потребно повеќе енергија за играње и сигурен соработник кога избирате идеално хранлива храна за секое време од денот и ноќта. Затоа создадовме нов дизајн на пакување не кое ги истакавме предностите на Nutrino производите кои ќе бидат ваш водич кога трагата по совршено избалансирана комбинација на оброк и ужинка. А тука е и нашата Nutrino Жирафичка која го следи планот на исхрана и расте заедно со вашите малечки.

nutrino

ДОВЕРБАТА СЕ ГРАДИ, А СЕКОЈА СОСТОЈКА ДЕТАЛНО СЕ КОНТРОЛИРА

Во Baby Food Factory се грижиме за секој производствен процес, од изборот на состојки кои проаѓаат низ најригорозна контрола, па се до нашите амбалажи кои ја чуваат свежината, мирисот и вкусот на храната. На прво место ни е грижата за правилна и здрава исхрана, затоа се грижиме за децата и сме строги во контролата на квалитетот. Оттука, вистинскиот рецепт за малите стомачиња произлегува од експертска рецептура – без додадени шеќери, адитиви и конзерванси. Охрабрувачки е да знаете дека вашето бебе навистина внесува здрава, висококвалитетна и целосно безбедна храна произведена според рецептите препорачани за идеален избалансиран оброк.

ПАМЕТНА ХРАНА ЗА СЕКОЈ ДЕН НАПРАВЕНА ПО ЕКСПЕРТСКА РЕЦЕПТУРА

Дали ви е позната ситуацијата кога уживате во прошетката со вашето бебе и сфаќате дека е време за оброк, а вие не сте ги излупиле, зготвиле или изблендирале состојките? Или пак чувството кога душата ви спие, а бебето се буди и е гладно? Токму во ваквите ситуации, Nutrino е спас во последниот час. Супер практичните пакувања на Nutrino производите содржат баш се што ви е потребно со совршен размер на витамини и минерали, многу се вкусни и на малечките им овозможуваат нутритивна разновидност на вистински начин. Доволно е само да ги прочитате придобивките на пакувањето, да ја следите нашата Nutrino Жирафичка која ќе укаже на возраста за која е наменет производот, и да уживате во растењето на вашето дете, затоа што знаете дека му го давате она најбитното – љубов и време, а ние сме тука да ви дадеме паметна храна за секој ден направена по експертска рецептура.

 

nutrino1

 

НОВИТЕ ПРОИЗВОДИ ВЕ ЧЕКААТ НА ПОЛИЦИТЕ

Среќни сме кога ја гледаме секоја насмевка, ќе слушнеме звук на возбуда и ќе ја почувствуваме љубопитноста на малечките кога за ужинка ќе добијат Nutrino овошно пире, 100% овошни ужинки спакувани во единствените пауч пакувањња, сокчиња од 100% овошје или пак ќе уживаат во хранливиот оброк во теглички во овошна, зеленчукова или комбинација со месо, или во сувата каша збогатена со витамини и минерали.

Баш затоа радовно го збогатуваме нашето портфолио со производите кои малечките ги заслужуваат, бидејќи сакаме да пораснат во среќни и здрави деца со квалитетна храна. Се грижиме за децата и сме строги за контрола на квалитетот, за да бидете сигурни дека на вашето дете му давате здрава, квалитетна и целосно безбедна храна.

 

nutrino3

И да не заборавиме, новите производи ве чекаат на полиците – совршената комбинација од житарки и млеко во кашичките за добра ноќ ќе му обезбедат на вашето бебе цврст и мирен сон, ваше е само да ја изберете вистинската комбинација на вкусови со какао, ванила или бисквити. Nutrino овошното пире доаѓа со две нови комбинации на вкусови. Нов совршен микс од јаболка, круша, банана со бисквити, обезбедува цела палета на хранливи и вкусни состојки збогатени со влакна, а има и супер овошно дуо од природно сочни јаболка и сливи збогатени со ориз. Нашата нова зеленчукова кашичка во тегла претставува комбинација на внимателно одбран зеленчук од тиква, морков и тиквички во комбинација со ориз. Без сол и глутен, идеални за нашите малечки!

Секој родител може да се чувствува безбедно со Nutrino, затоа што на бебето му дава квалитетна и сосема безбедна храна.


nutrino3

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

БЕБЕЛАН - Нови пријатели на Рингераја.мк
Како дел од строгите системи за контрола на квалитетот на Hochdorf, BEBELAN LACTA поминува над 50 проверки на квалитетот...
4
Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и јаболко
Здрава и вкусна кашичка, одлична за бебиња постари од осум месеци
4
Чудни детски навики, кои се сосема нормални
Енергично тресење на главата, соблекување во јавност и лажно кашлање? Дали тоа е нормално?!
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?