namesp во 10:12
Овошје за жешкото лето
www.rak.mk, 18.7.2011
Кога е жешко, се чувствуваме безволни, циркулацијата на крвта ни е успорена, нозете ни се отечени... Природните, свежи сокови од овошјето можат да ги отстранат ваквите тегоби. Овошните сокови содржат овошни шеќери, кои многу брзо ги полнат клетките со енергија. а не го покачуваат нивото на шеќерот во крвта. Состојките од овошните сокови делуваат благотворно на срцето и крвотокот, а исто така, го поттикнуваат создавањето на хормонот за добро расположение. Еве неколку предлози. Треба само да ги подготвите.
Банани и крушки - за подобар крвотокБананите се природни складишта на енергија. Тие содржат многу корисни состојки. Богати се со витамини, минерали, растителни влакна... Бананите се природен лек против срцевите заболувања и високиот крвен притисок. Полни со калиум, па затоа се одлични за намалување на крвниот притисок. Калиумот е минерал кој помага во нормализирање на отчукувањата на срцето, испраќа кислород до мозокот и ја регулира количината на вода во телото. Бананата е богата со калиум, а содржи малку сол, што ја прави совршен лек за оние кои имаат висок крвен притисок. Кога сме под стрес, нашиот метаболизам се забрзува, па нивото на калиум се намалува. Рамнотежата може да се врати со бананата. Крушите содржат јагленохидрати, кои лесно и полека се апсорбираат, а тоа го стабилизира крвотокот. Предолг: Направите одличен освежителен напиток од една банана, една зрела крушка, лажица лимонов сок, сок од еден портокал, 50g немасен јогурт и 100ml млеко.
Диња – за превенција на рак и за здраво срцеПостојат три доволни причини да јадете диња: освежува, не дебели, и содржи многу витамини и минерали. Дињата содржи многу вода (91%), а има малку повеќе шеќер, па затоа не им се многу препорачува на дијабетичарите. Содржи и 1% растителни влакна, масти, протеини и сложени јагленохидрати. Во 100 gr. диња има само 34 kcal. Дињата посебно им се препорачува на лицата со висок крвен притисок. Растителните влакна од дињата го подобруваат варењето на храната и помагаат во намалувањето на телесната тежина. Водата и калиумот од ова овошје помагаат во работата на бубрезите и ги отстрануваат штетните материи од организмот. Сокот од диња, поради големата количина на антиоксиданси, му помага на организмот да се бори против штетните слободни радикали, кои ги оштетуваат клетките на кожата. Затоа, дињата се смета дека е и антиканцерогено овошје. Дињата и сокот од дињата штитат и од сончеви изгореници. Дињата содржи и аденозин, материја која го спречува слепувањето на крвните плочки (тромбицити). Поради тоа, дињата има благотворно дејство врз срцето и крвните садови. Предлог: Направите одличен освежителен напиток од 200g диња, една лажица сок од крушка, две лажици сок од портокал и 150g сурутка.
Ананас – за добро варењеВо народната медицина со векови се познати лековитите својства на ананасот. Од лековитите состојки, посебно се издвојува бромелаинот, група на ензими кои ги разградуваат протеините и помагаат во процесот на варењето на храната. Ако ананасот се јаде веднаш после оброкот, тој му помага на желудникот да ги разгради белковините до аминокиселини. Бромелаинот има и јако антивоспалително дејство. Клиничките испитувања потврдиле дека бромелаинот од ананасот ги ублажува воспаленијата и го намалува отокот при акутните воспаленија на синусите, грлото, помага при артрит, гихт и го забрзува оздравувањето после операции и повреди. Бромелаинот е природен лек против настинка и бронхит, бидејќи го разредува секретот во дишните патишта и го олеснува неговото искашлување. Некои истражувања дури покажале дека кај некои воспаленија, бромелаинот би можел да се користи наместо антибиотик. За да ова својство на ананасот целосно се искористи, се препорачува консумирање на ананас помеѓу оброците, инаку ензимите се искористуваат за процестот на варење на храната. Бромелаинот се наоѓа во петелките и во плодот на ананасот, но се инактивираат со топлина. Затоа конзервираниот ананас не се добар извор на овие ензими, па најдобро е тој да се консумира свеж. Предлог: Пригответе одличен освежителен напиток од една банана, една шоља свеж ананас и една шоља сок од рибизла.
Грејпфрут и киви – за отечени нозеГрејфрутот содржи голема количина на биофлавоноиди кои го засилуваат дејството на витаминот Ц. Грејпфрутот ги зацрвснува крвните садови и го ублажува отокот на нозете. Кивито е е богато со витамини и минерали, а содржи и ензими, кој го подобруваат и олеснуваат варењето на храната Предлог: Пригответе одличен освежителен напиток од 150ml сок од грејпфрут, 2 лажици лимонов сок, едно киви и едно гранче нане.
Праски и капини – природни ризници на витаминиПраските се добар извор на растителни влакна, витамин А, ниацин Праските се богати и со витамин Ц. Содржат и бета каротин, кој го зајакнува имунитетот и ги уништува слободните радикали во организмот. Бета каротинот е провитамин којшто во организмот се претвора во витамин А. Од минерали, праските содржат: калиум, фосфор, магнезиум Праската е и едно од ретките овошја кое содржи селен. Содржи многу вода, па е одлично овошје за освежување и намалување на чувството на жед. Ова овошје е нискокалорично и содржи само 40 калории на 100 грама плодови. Праската има и лековити својства. Таа е богата со антиоксиданси, кои се борат против штетното дејство на слободните радикали. Поради своето антиоксидативно дејтво, праската се смета како природен лек за превенција на многу заболувања, вклучувајќи ги тука и малигните заболувања. Таа го јакне природниот одбрамбен механизам на организмот и на тој начин го чува здравјето на човекот. Праската е природен диуретик, го чисти, детоксицира организмот и го олеснува варењето на храната. Капините разградувајќи ги мастите, помагаат во превенцијата на атеросклерозата и на кардиоваскуларните заболувања. Капинките содржат околу 20% суви материи, од кои 6% шеќер, 0,9% белковини, 1% масти, 9% целулоза. Во 100гр. капини има 37 калории. Содржат витамин Ц околу 24мл/100г., потоа витамини Б1, Б2... Од минералите највеќе содржат калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Капините содржат многу поголемо количество на железо, отколку другите видови на овошје, па затоа се корисни во превенција и лекување на слабокрвноста. Плодовите од капина го подобруваат варењето во желудникот и го јакнат слабиот желудник. Предлог: Пригответе одличен освежителен напиток од една шоља свежи капини, една шоља праски, една шоља немасно млеко и една шоља немасен јогурт од ванила, праски или капини.
|
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното здравје во текот на животот. Всушност, тоа е од с...

Без оглед на налепниците и внимателното читање на составот, постојат големи шанси да јадете и несакани додатоци во храна...

Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор

Семејството веднаш по крштевката на малиот принц Џорџ е фотографирано и изгледа прекрасно.Малиот принц беше обле...
