Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Овие резултати се добиени во новата мета-анализа во период од 50-години, која се однесува на „воспитно плескање“ на децата од експерти на Универзитетот во Тексас во Остин и Универзитетот во Мичиген.
Студијата, објавена во весник за семејна психологија, го разгледува петдецениското истражување кое опфаќа над 160.000 деца. Истражувачите велат дека тоа е најдобро направена анализа која се однесува на последиците поврзани со тепањето. Предходно направените анализи вклучувале и други видови на казнување.
Според Елизабет Гершоф, вонреден професор по човечки развој и семејни науки на Универзитетот во Тексас во Остин, оваа анализа се фокусира на она што повеќето Американци ќе го препознаат како тепање, а не на потенцијално злоставување. „Откривме дека тепањето било поврзано со ненамерни штетни последици и не било асоцирано со побрза или подолготрајна послушност од страна на децата, што е очекуван резултат на родителите кога ги дисциплинираат своите деца“.
Гершоф и коавторот Ендру Гроган-Кејлор, вонреден професор на Факултетот за социјална работа на Универзитетот во Мичиген, откриле дека тепањето „плеснување“ (дефинирано како плеснување на задната страна на екстремитетите со отворена рака или по задникот) е значително поврзано со штетни последици кај 13 од вкупно 17-те испитани случаеви
„Исходот од студијата е дека тепањето ја зголемува веројатноста за појава на широк спектар на несакани поведенија од страна децата. Воспитното плескање го прави спротивното од она што родителите обично сакаат да го постигнат“ – вели Гроган-Кејлор.
Гершоф и Гроган-Кејлор тестирале некои долгорочни ефекти кај возрасните кои како деца биле тепани. Колку повеќе биле тепани, толку поголема била стапката и веројатноста тие да покажат анти-социјално однесување и да доживеат проблеми поврзани со менталното здравје. Тие, исто така, го поддржувале и практикувале физичкото казнување на своите деца, што истакнува еден од клучните начини на кои ставот за „полезноста“ на физичкото казнување се пренесуваат од генерација на генерација.
Гершоф забележува дека тепањето перзистира како метод за воспитување и покрај фактот дека не постои јасен доказ за позитивни ефекти од тепање, скубење, или шамарење по лице и изобилство докази дека тоа претставува ризик за повреда на однесувањето, развојот на детето, појава на ментални растројства и тикови кај децата.
Ние како општество мислиме дека „плескањето“ и физичкото насилство се одвоени како однесување. Сепак, студијата покажува дека „безопасното плескање“ и другите форми на физичко малтретирање беа поврзани со исти штетни последици на детето во иста насока и речиси иста сила.
Гершоф, исто така, истакна дека резултатите од студијата се во согласност со извештајот објавен неодамна од страна на Националниот центар за контрола и превенција на болести а кој повикува на “кампањи за јавно ангажирање, едукација и законодавни пристапи за намалување на телесното казнување”, вклучително и плескање како средство занамалување на насилство.
Да се надеваме дека оваа студија може да им помогне на родителите да се едуцираат за можните штети од тепањето, плескање, штипење, скубење и други форми на физички акт применет за воспитување, а со тоа да се поттикнат да пробаат позитивни и неказнувачки форми на воспитување.
„Не мора да удриш за да покажеш дека имаш моќ“. Наместо тоа, поставете јасни граници, бидете конзистентни. Физичките форми на дисциплина ќе ги научат децата да бидат агресивни.
забава Бремените
Автор: bobik
Рецепти за чај од ѓумбир за бремени жени
Ѓумбирот е познат по своите бројни здравствени придобивки, а особено к...
Кога е време да се побара помош од специјалист?
Многу парови кога ќе започнат да се обидуваат да добијат бебе веруваат...
Дехидрација кај бебиња: Тивка, но опасна
Бебињата се чувствителни и нивниот организам брзо реагира на секоја пр...
Хидратацијата е клучот за здравје во топлите денови
Летниот период носи сонце, повисоки температури и повеќе активности на...
Во свет каде брзината и ефективноста често се ставаат пред човечноста,...
Мајка на момче.
пеперутка16
Дали ги ставивте пенисот/скротумот/пенисот на вашите момчиња со лицето нагоре пред да ги повиете? И ако е така, зошто?