Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дури 25% од родителите прават многу опасни грешки, кога е во прашање спиењето на новороденчињата, бидејќи ги ставаат своите бебиња во позиција за спиење која го зголемува ризикот од синдромот на изненадна смрт кај доенчињата.
Некои родители сеуште не знаат деца децата кои спијат на стомак или на страна се 13 пати повеќе изложени на ризик од SIDS, во однос на оние кои спијат на грб.
Како што сугерираат од Американската Академија на Педијатри, следните 10 мерки на претпазливост можат да го спасат Вашето бебе, па затоа Ви ги пренесуваме во потполност:
1. Спиењето на грб или на страна не е сигурно
Причината заради која родителите ги игнорираат новите предупредувања за спиење на доенчињата е погрешното уверување дека бебињата можат да се згушат или засркнат, а притоа да се закашлаат во тек на спиењето, што е нормален, заштитен рефлекс за прочистување на дишните патишта. Повеќе истражувања кои се објавени во различни земји покажуваат дека нема пораст на гушење кај бебиња кои се закашлале додека спиеле на грб.
2. Не е неопходно да се преместува доенчето додека спие
Родителите често се грижат за тоа што да направат кога детето ќе научи да се превртува, што обично почнува да се случува од 4. до 6. месец на старост. Откако бебето ќе го ставите да спие на грб, сосема е во ред да продолжи да спие во било која друга положба, која само ќе ја пронајде. Ризикот од SIDS се намалува по 4. месец.
3. Користете детско креветче со цврста јога
Цврстата подлога за спиење штити од SIDS и од гушење. Се препорачува користење на креветчиња или лулки кои одговараат на сигурносните меѓународни стандарди, бидејќи старите креветчиња можат да бидат оштетени и на тој начин да ја загрозат безбедноста на Вашето дете.
4. Никогаш не ставајте предмети во креветчето
Неквалитетна постелнина, меки предмети како што се перничиња и играчки и заштитни перничиња, можат да бидат многу опасни. За да го затоплите бебето користете потопли пижами, а не јоргани и ќебиња. Подобро е да користите вреќа за спиење, отколку покривач.
5. Спијте во близина на бебето
Од Американската Академија на Педијатри пренесуваат дека спиењето во иста соба со бебето го намалува ризикот за SIDS до 50%. Во оваа препорака се советува користење на тврда преграда која го дели креветот меѓу возрасната личност и бебето. Откако ќе го нахраните бебето, во текот на ноќта, задолжително вратете го во креветчето.
6. Доколку бебето заспие во седечка положба, преместете го во креветче
Доколку бебето случајно заспало во седечка положба, преместете го во креветче, или на рамна површина што поскоро. Седечката положба е посебно ризична за бебиња до 4. месеци, бидејќи може многу лесно да дојдат во положба која претставува опасност од гушење.
7. Доењето е најдобар извор на исхрана
Доењето го намалува ризикот од SIDS. Се препорачува исклучиво доење во текот на првите шест месеци. Доењето на бебето и понатаму, до наполнета една година и подолго, исто така дополнително го намалува ризикот.
8. Размислете за цуцлата
Иако причините сеуште се нејасни, истражувањата откриле дека користењето на цуцла помага во заштита од SIDS – дури и кога цуцлата ќе падне од устата на бебето додека спие.
9. Избегнувајте претоплување на бебето
Некои испитувања ја поврзуваат можноста за SIDS со претоплување на бебето. Најдобро е да се избегнува претерано облекување (во повеќе слоеви). Облечете максимум еден слој на облека повеќе отколку што носите Вие.
10. Овозможете му на бебето на лежи на стомак под постојан надзор
Родителите се грижат дека спиењето во лежечка положба негативно влијае на обликот на главата. За да го намалите овој ризик, кога е бебето будно, нека лежи некое време и на стомаче. Оваа положба го поттикнува здравиот развој на мускулите и моториката.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...