|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Нарди: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 1.10.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: Нарди 

Датум на породување: 10.01.2012 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Гак

 

 

СРЕЌЕН КРАЈ на мојата породилна приказна. 
Ќе пробам сите емоции да ги преточам низ зборови за да ве доближам до моето станување на МАЈКА 
И не беше така едноставно  и не беше така лесно....................................
Живееме во странство...Се до тогаш мислев дека знам што значи среќа. Го обожавам маж ми, верувајте и ден денес имам пеперутки во стомакот за него. Но после позитивниот тест за бременост, го доживеав она буквално скокање до небото, допрев звездичка и се вратив назад. 
Имав перфектна бременост....Блескав од енергија, како да се спремав за некој спортски натпревар, а не дека ќе дојде време да се качам на бокс и да родам. Апсолутно се беше во најдобар ред! 
Одлучивме да се породам во нашата земја....Патувавме со авион во мојот седми месец. Стигнавме здрави и сигурни и никој не претпостави дека ке се случи она што го преживеавме, а најмалку јас. 
После 5 дена, во мојата 31-ва недела,вечерта јас добив породилни болки.
Да, тоа не беа лажни туку оние кои требаше да ги имам покасно два месеца. Веднаш заминавме на болница и мојот наод беше дека почнав да се отворам незапирливо.
Животот ми се промена од тој момент,почнав да се тресам, душата ми плачеше....."Што се случува со моето бебе и со мене"?"Можеби е лош сон, од оние кои не сакав да ги паметам"- низ солзи се тешев.....Но беше реалност!
Не можеа да ми ги запрат болките.....ЦТГ-то полудуваше од тонови. Уште во мислите го имам погледот на мажот ми, како цела река на тага да извираше од таму. Се фативме за рака и низ солзите ми се брануваше неговиот лик.
Ништо не се промени и ме одведоа во салата за породување. 
После царскиот рез, го слушнав најслаткиот плач на целиот свет и ми  дадоа да го бакнам тоа мало сонце, мојот син, на кој до пред неколку дена му пеев песни дека за два месеца ќе се запознаеме......а, ми дојде толку рано!
Дваесет дена бевме одделени....За тие дваесет дена можат да ме сфатат само мајките кои немале  девет месеци бременост. 
Велат денот кога ке го родиш твоето дете е најсреќниот, а за мене и за мајките како мене најсреќен е денот кога ќе се отвори инкубаторот и кога ќе ти го предадат бебето..
Заминав од болница празна,незнам каде попразна дали во рацете или во душата!
Го чекав, сонував за него....Ми го немаше мешето, а креветчето дома ни беше празно."Кај ми е бебето"?"Кај ми е моето сонце"?-jaчев од болка! 
Едно  сјајно утро ми јавија од Интензивна да одам и да си го земам...Боже Господе кое затреперување тогаш го почувствував....За прв пат после толку дена се погледнав во огледало и се дотерав. За син ми се нашминкав и со цела сила која остана во мене од сите непроспиени ноќи отидов да си го земам мојот Божји дар!
И тоа беше вториот пат кога скокнав до небо од среќа! 
Сега сме заедно сите тројца. Мојот шампион добива еден милион бакнежи  во минута и не можам да се наситам никогаш. Одлично напредуваме и сме многу,многу слатки...Личиме и на мама и на тато! 
Ова е крајот на мојата породилна приказна...Среќниот КРАЈ! 
И имам нешто да оставам за сите идни мајки...... 
Би го забранила изразот "Постпородилна депресија "...Мамички, со полни креветчиња, колку и да ви е очајно, само видете ги очињата на тоа медено срце кое е до вас и сетете се дека има мајки кои место своето бебеце го имаат само она бројче кое се става на раката кое го ставаат после породувањето.... 
А вас мамички кои немавте девет месечна бременост и ги чекате вашите најмили да ги допрете....Верувајте во Божјата сила,во силата на Исус Христос, зашто тој ќе ја исполни вашата мечта и ќе ви го донесе дома вашето бебенце! 
Ние сме сведоците!! 
Ваша Нарди.

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Молитва за трудници
...Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напад...
4
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
2
Како порано се правеле тестовите за бремен...
Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...
2
Тестови за бременост
Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
2




Анкета

ime za moeto bebe
baby



mila (67%)

sara (33%)


Број на сите гласови: 27

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!