|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај Викторија Спенџарска Стин

Марина Кљајиќ Петковски, 12.8.2021
Сигурно ги знаете оние блогови на кои ќе налетате случајно и во кои ќе се заљубите веднаш. Кои ве пренесуваат на друго место преку нивната убавина и раскажување приказни. vegan_viki_е тој блог за мене

image
/11


 

Објавите на Вики ќе ве поттикнат да посакате да патувате, да искусите нови култури и средини, а потоа да ја вратите таа инспирација во кујната за да направите навистина креативни вегански гозби. 
Запознајте ја Викторија Спенџарска Стин, креаторката на овој блог, мајка на слатките Љубљана и Емона и сестра на популарната водителка Јелена Спенџарска 
Рингераја: Од кога живееш во Америка и како дојде до таа преселба? 
Викторија:Точно една година како сме вратени од Америка и не верувам дека скоро ќе заминуваме пак. За мене Венис Бич/Санта Моника (делот од Лос Анџелес каде што живеевме) е едно од најубавите места на светот но воедно и најскапите и таму не може да се издржи со една плата. Кога останав бремена по втор пат одлучивме да си ги спакуваме куферите и да се вратиме назад во Македонија. Нашата држава можеби е катастрофа но сеуште нуди еден вид на слобода и убаво живеење што го нема во високо развиените држави, посебно ако сакате да се фокусирате на семејството. 

Рингераја: И покрај тоа што живееше на друг континент, блиски сте со Јелена. Како е да се биде нејзина сестра? 
Викторија: Со сестра ми најмногу се зближивме пред девет години кога првпат заминав во Њујорк. Тоа е сосем поразличен свет од нашиот, со многу брзо темпо на живеење каде сите се во трка да направат што повеќе пари и човечките односи се на втор план. Тогаш почнав многу повеќе да го ценам семејството, пријателите, природата и бавниот живот и многу се зближивме со сестра ми. Можам да кажам дека таа ми е и најдобар пријател и најголема инспирација. Што се однесува на тоа како е да се биде нејзина сестра, има доста предности затоа што е најзабавната личност на свет и тие што ја познаваат можат да потврдат дека со неа не може да ти биде досадно. Или е смеа до солзи или се најдлабоките разговори за суштината на постоењето, средина нема.
Уште кога бевме мали сите знаевме дека ќе биде јавна личност зошто секогаш привлекуваше внимание на свој уникатен начин, секогаш имаше што да каже на секоја тема и луѓето едноставно ја обожаваа. Така е и денес 
Рингераја: Од кога веганството е твоја филозофија на исхрана? 
Викторија: Многу ми е мило што прашањето е баш вака формулирано зошто веганството не е само начин на исхрана туку навистина животна филозофија и начин на живот. Љубовта и почитта кон своето тело, љубовта кон животните, психичко и физичко здравје, желбата да се намали светскиот глад или климатски промени, сето ова е филозофија на веганството што за мене претставува повисока свест на постоење.  
Мојата приказна започна пред пред 15-ина години и кога официјално станав вегетаријанец зошто на некој начин се освестив за тоа од каде доаѓа месото на нашата чинија и како тоа влијае врз климатските промени, но кога ќе го слушнев терминот “веган” си го ставав во некоја негативна конотација. Сето тоа драстично се смени кога пред 3 години направив 30 дневен детокс програма од dr. Shultz, еден од најпознатите хербалисти во Америка.  Детоксот се состоеше од конзумирање исклучиво сирова, веганска храна, пиење МНОГУ течности (свежо цедени сокови и дестилирана вода) земање на органски суплементи, физичка активност, топло-ладни тушеви, афирмации...буквално ви ги менува од корен не само навиките за исхрана туку и погледот на светот и начинот на кој воопшто функционирате. Кога секое утро станувате во 05:00 и додека се туширате со ладна вода си повторувате афирмации од типот “Јас сум среќен, јас сум здрав, животот е убав, запознавам само прекрасни луѓе, можам да постигнам се што ќе посакам...” набргу ќе почнете да верувате во тоа, а штом ќе почнете да верувате и универзумот ќе почне да ви дава докази дека тоа навистина е така.
Тогаш разбираме дека ние сме она што го јадеме и ако имаме пристап до храна со висока вибрација што буквално претставува живот, зошто би јаделе нешто помалку од тоа? 
Јас сепак не се декларирам како веган туку кажувам дека преферирам овошје и зеленчук.
Рингераја: Како се роди твијoт инста профил vegan_viki_? 
Викторија: Исто многу добро формулирано прашање зошто @vegan_viki_ е само инста профил. Да, јас стојам позади него но сепат тоа е многу мал дел од реалноста. Често се случува да го отвориме профилот на некоја мајка и да си кажеме “леле таа е совршена, колку здраво си ги храни децата, патува низ цел свет, домот и е од соништата” и да се разочараме зошто ние немаме совршен живот како неа. А всушност никој не ги објавува лошите работи и никогаш не знаеме какви битки води некој. Инстаграм е само мал дел од реалноста. 
Да одговорам на прашањето, отсекогаш сум сакала да експериментирам со храна, но мислам дека таа страст посебно ми се разгоре пред две години во ЛА. Замислете влегувате во маркет и таму може да ги најдете сите намирници кои може да си ги замислите (па и повеќе). Една од омилените активности ми беше да пазарам по маркети, да откривам нови производи и се разбира едвај чекав да стигнам дома да зготвам некој нов рецепт. Бидејќи готвев дома скоро секој ден (а таму домашната храна е доста ценета) една пријателка ми даде идеја да готвам по нарачка преку инстаграм. Така @viktorija_sp стана @vegan_viki_in_venice и во рок од само неколку дена јас имав добар бизнис продавајќи здрава веган храна на мајки кои немаат време да готват. Кога официјално се вративме во Македонија остана само @vegan_viki_ и одлучив профилот да го фокусирам на споделување здрави рецепти и моменти од авантурата наречена мајчинство. 
Рингераја: Твојот профил изобилува со прекрасни рецепти. Од каде наоѓаш инспирација за истите? 
Викторија: Ти благодарам за комплиментот, навистина секој коментар ми значи зошто знам дека трудот не ми е залуден. Моментално најголема инспирација за храна ми е инстаграм и 90% од профилите што ги следам се за храна па доволни ми се само 5 минути на home page да се инспирирам и да се летнам во кујна. Многу ме радува што има и многу македонски профили што промовираат здрава храна и здрав стил на живеење.
Во Македонија голем проблем е што немаме пристап до многу производи, но се надевам тоа ќе се промени во иднина. Можеби некој е заинтересиран да донесеме некои superfoods на пазарот? 
Рингераја: Омилена храна? Омилен рецепт? 

Викторија: Навистина не би можела да издвојам омилена храна зошто обожавам буквално с? што е од овошје и зеленчук. Дома најчесто правам овесна каша зошто е брза и лесна и децата ја сакаат, но да морам да одберам некое готвено јадење тоа би било кари (микс зеленчук во сос од индиски зачини)


Рингераја: Мајка си на преслатките Љубљана и Емона. Кажи ни нешто за твоите искуства како трудница, родилка, доилка ... Твој став за доење и според тебе која е најдобра алтернатива за нови мајки кои од одредени причини не се во можност да дојат? 

Викторија: Ти благодарам многу. Со оглед на тоа што пред некое време беше светска недела на доењето сакам да кажам два-три збора на таа тема. Доколку сега се врати времето и би била трудница за прв пат многу, многу повеќе би се едуцирала на таа тема. Значи како се дои, зошто, состав на млекото и како тоа влијае и на бебето а и на мајката, исто колку долго се дои... Така би била многу посигурна во себе и своите одлуки базирани на информираност и би одбегнала многу непотребни стресови.
Кога се породив со Љубљана имаше толку многу работи што не ги знаев а беше потребно да ги знам и дозволив околината негативно да влијае на мене со коментари од типот “Бебето плаче зошто е гладно, млекото ти е вода, ваму не се дои, таму не се дои...” 
Во главата ми беше тотален хаос се додека еден ден не ја прашав мајка ми за мислење и таа ми го даде најдобриот совет - “Ти си знаеш” И тоа е навистина така, секоја мајка си знае што е најдобро за неа и нејзиното бебе, дали, каде и колку ќе дои и треба да биде поддржана во својата одлука.
Јас сепак ќе кажам дека за мене доењето е најприродниот и најубавиот чин на светот кој секако дека не доаѓа без предизвици, но затоа пак постои и стручна помош која може да помогне. 
Во ЛА не е реткост да сретнете доилка која донира дел од своето млеко на мајки кои не можат да дојат и мислам дека тоа е прекрасно искажување љубов према некој кој не го ни познавате. Скоро прочитав дека има некоја слична иницијатива и кај нас и тоа е за поздравување!
Сепак како што кажав останува на мајката да си одучи и треба да биде поддржана во својата одлука. Среќна мајка=среќно дете! 
Рингераја: Воведување на цврста храна кај децата - од која возраст, по која шема... Какво е твоето искуство? 
Викторија: Со Љубљана почнавме со дохрана на точно 6 месеци со рендана праска, многу убаво се сеќавам на тој момент. Јас како и многу други неискусни мајки слушав совети од околината и колку што знаев се почнуваше со кашички, но во исто време добивав совети да ја научам на текстура што поскоро. Така со неа почнавме со кашички но веднаш штом ? се разви способноста да фаќа со палецот и показалецот почнав да ? давам храна на парченца и така таа почна да јаде сама и да користи и лажица многу рано. Тогаш немав ни слушнато дека постои Baby Led Weaning (BLW) метода каде што бебињата се хранат самите уште од почеток која што ја користиме сега со Емона. Што се однесува на шема за хранење, никогаш сме немале зошто ако нешто ме научи мајчинството тоа е дека всушност децата се нашите учители, а не обратно и да бидам поинтуитивни како нив. На интернет може да најдете милион табели за тоа која храна се дава во кој месец и во која количина, но јас тргнав од тоа дека овошјето и зеленчукот  се и најздравата и најлесна храна за преработка во тие мали наразвиени мешиња и нудев често додека јадеме цело семејство заедно. Како што кажав, децата се многу поинтуитивни од нас и добро знаат кога им е доста храна или пак ќе најдат начин да искомуницираат доколку се гладни преку плачење/негодување... Наше е да бидеме присутни, да им веруваме и да не форсираме ништо. 
Рингераја: Каква исхрана преферираш за твоите деца? (твој став за веганство кај деца)?
 
Викторија: Се разбира дека секој родител за своите деца го посакува најдоброто, а во однос на исхрана, најдоброто за мене тоа е органска, непроцесирана храна од растително потекло и во некој идеален свет јас и моите деца би се хранеле така. НО, тука во игра се и некои други културолошки фактори кои го оневозможуваат тоа како на пример носење чоколади при посета на деца, давање лижавчиња итн. Кога отидеме на роденден и сите деца јадат торта јас не можам да ? речам на Љубљана “ти не може да ја јадеш таа торта”. Едноставно понекогаш мора да се прилагодиме на опкружувањето и да го одбереме патот со најмал отпор што во мојот случај значеше дека децата ќе ми јадат чоколади.  
Се додека не се вративме од Америка, значи година и пол, Љубљана беше на исклучиво веган исхрана, јадеше буквално се што јадеме ние и беше супер јадач и здраво дете што ниеднаш се немаше разболено. Таму не дај боже некој да даде храна на дете, веднаш би му викнале полиција. Откако се вративме почна да се изложува на чоколади, сладоледи и почнавме да имаме проблем со исхраната. Мислам дека кај нас кружи голем мит дека со веганска исхрана не се внесуваат доволно хранливи материи што апсолутно не е вистина. Доколку храната е разновидна и правилно комбинирана секако дека ДА за веганство кај деца. Да за одење боси, да за јадење со раце, валкање, контакт со животни... 
1

Рингераја: Веганство во бременост? (доколку имаш искуство) 
Викторија: Секако! Доколку се храниме и живееме здраво (пак ќе кажам под здраво подразбирам природна, разновидна, минимално процесирана храна со многу свежо овошје и зеленчук, изложување на сонце итн,) и ги задоволуваме сите потреби на телото не гледам причина зошто во текот на бременоста не би се хранеле исто. Би препорачала само да се земаат whole foods суплементи за трудници и доилки направени од органско овошје и зеленчук. Мене и во двете бремености исхраната ми беше претежно веган па се родија здрави деца од по 4 килограми.

Рингераја: Твој став за употреба на соја во исхраната? 
Викторија:Повеќето луѓе ја одбегнуваат сојата поради две причини. Првата е тоа што содржи состојка слична на естроген што може да доведе до пореметување на некои функции во организмот но тоа е во толку мала количина што треба да јадете соја 4 пати на ден за МОЖЕБИ да осетите некој негативен ефект. Втората причина е тоа што сојата заедно со пченката се култури што најчесто се ГМО така да доколку се од органско потекло и ги конзумирате неколку пати во неделата нема да имате никаков проблем туку баш напротив, ќе имате здравствени придобивки. Јас искрено обожавам тофу и го користам често и за благи и солени рецепти. 

Рингераја: Дали забележа некоја промена во твојот однос и став кон луѓето или обратно, откако стана веган? 
Викторија: Тука многу луѓе кога ќе им кажам дека не јадам производи од животинско потекло се изненадени и веднаш прашуваат зошто, како, од кога и најинтересно е тоа што 99% се согласуваат дека тоа е многу здраво. Често ми бараат совети, рецепти а јас секогаш уживам да споделувам на таа тема така да имам само позитивни искуства. Додека во Венис Бич/Санта Моника е невообичаено да сретнете некој што јаде месо! Таму повеќето се вегани/вегетаријанци, сите се занимаваат со некој спорт, на секое ќоше може да најдете студио за јога и медитација па можеби затоа се и толку среќни.
Рингераја: Твој совет за сите тие кои размислуваат да преминат во веган? 

Викторија: Мој совет е да не ме слушате мене, да не ги слушате вашите пријатели и роднини, медиумите или било кој друг, да си се слушате само себеси и вашето тело. Пробајте одреден период и видете како вашиот организам реагира на тој тип на исхрана зошто телото е создадено од универзална интелигенција која е “попаметна” од сите луѓе на светот и тоа самото пронаоѓа знаци да ни сигнализира кога нешто не е во ред, ние само треба да ги препознаеме знаците. Ако се чувствувате подобро и психички и физички тогаш продолжете да го правите тоа. Едноставно нели? Проблемот е во тоа што живееме во таков свет кој сака да направи да се сомневаме во себе, во нашата интуиција и способност за расудување, во интелигенцијата на нашето тело. Свет кој сака да сме доволно зафатени со зјапање во екрани за да не чувствуваме и емпатизираме за други битија и послушно да го правиме тоа што ќе ни биде кажано. Но ако има нешто позитивно во ситуацијата во која моментално се наоѓа светот е тоа што луѓето се будат и стануваат посвесни за моќта на храната не само врз телото туку и мислите. Се она што го конзумираме или се бори против некоја болест или ја храни, наше е да одлучиме како сакаме да живееме и какви личности сакаме да бидеме.
Благодарност до Викторија за издвоеното време.
Доколку се уште не сте го откриле нејзиниот профил, посетете го уште денес и испробајте некои од нејзините превкусни рецепти. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Среќен 8-ми март на сите жени!
“Без жена почетокот на нашиот живот би бил без помош, средината без задоволство, а крајот без утеха”, рекол Бајрон.Среќе...
4
Поддржуваме мали бизниси: Брзо подароче
Во потрага сте по подароче за на мекици или повојница, можеби за крштевка или роденден, за бебе или детенце? Подароче ко...
4
Запросување на Златна Буба Мара на популар...
Водителот на “Златна Бубамара на популарноста“ ,Сашко Коцев, синоќа пред преполната Универзална сала ја побара раката н...
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2




Анкета

Вода за деца.
пеперутка16

Мамички, колку месеци варевте вода за вашите бебиња?