Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: misticia
Датум на породување: 29 Март 2010 година
Тип на породување: природно
Болница: Чаир
Што да ви кажам... Се разбудив тоа утро - бебето сеуште беше во мене. Сите што ме сакаат ми беа криви што сум трудна и што не сум породена уште. И по сите викав, ги строев, пукав од хормони и бев неподнослива. Мислам на сите дека им олесни кога се породив.
Со маж ми и со другарка ми отидовме до Чаир. Еден саатот не фати, се беше против нас и не кочеше по пат. Се надевав дека слабите врски што ги имав во болница ќе ми обезбедат некоја провокација и дека ќе си го гушкам бебето до вечер. Врската не беше таму, па решија само да ме прегледаат. Почекав малце по ходници од жал за другите трудни, сепак маж ми ме втурна преку ред. Ми направија ЦТГ - во ред беше. Ехо исто - во ред беше, водењак повеќе од доволно. И ми кажаа дека ќе ми направат уште вагинален преглед и да се вратам кога ќе имам болки. И тука сестрата и рече на докторката на албански - пет сантиметри е отворена, и оваа провери и рече не е можно пет сантиметри е отворена и јас кренав глава и ги прашав да се осигурам дека ги разбрав или си фантазирам - „пет сантиметри сум отворена???“ ми вика „да“ и јас и викам „а???“
Ме пратија директно да раѓам. Додека се провртив горе ме прегледаа пак и видоа дека сум осум сантиметри отворена и ми го пукнаа водењакот. Почнав да чувствувам нелагодности на секои 15 минути, ама не ме болеше воопшто. Имам осетено поголеми болки на заболекар. И после почнаа некои благи болки на 5 мин, па на 3-4 мин и реков добро почна да боли до вечер ќе е готово. Во рок од 15 минути бебето излезе како парталче. Тешко 3150 гр, 52цм, нормално ама ми изгледаше многу мало и беспомошно створче - уште мислев дека сонувам ама зошто сонувам плаво бебе кога сите сме црни? Е ајде де... И после сестрата го зеде го замота во пелени и ми го покажа, јас му реков здраво живо и начинот на кој ме погледна знаев дека е реалност, дека сме две.
И така нашето мало семејство го доби четвртиот член, се надевам ќе се створат услови за уште.
Рингераја и посакува среќно детство на Мартина !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...