Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Pippa Reed испумпа воздух во белите дробови на својот предвреме роден син Јаков, откако тој престана да дише додека беше под седација на одделот за интензивна неонатална нега во Queens Hospital во Burton, Staffordshire.
Г-ѓа Рид, поранешен член на брза помош, беше тука за да му помогне на Јаков кој престана да дише откако го подготвија за МРИ скен наменет за да се провери неговата функција на мозокот.
Медицинските сестри побрзаа да ги известат докторите за состојбата на бебето, додека мајката му даваше вештачко дишење на бебето. Набргу потоа донесоа и боци со кислород по што малиот Јаков повторно се врати во нормала. Оттогаш неговата состојба е стабилна, но се соочува со пад на нивото на кислород и осиромашено дишење.
Тој сега е на антибиотска терапија заради малата инфекција на белите дробови и е внимателно следен во инкубатор исполнет со кислород во неонаталниот оддел.
“Јас сум со скршено срце откако се случи тоа, но се надевам дека со дека на време ќе биде подобро. Знам дека ќе биде”, рече г-ѓа Рид.
“Тоа беше само мајчинска интуиција”.

Јаков во континуитет се бори за живот откако беше роден 12 недели предвреме, на 29. февруари со тежина од 907 грама и му беа дадени само 3% шанси за живот.
Јаков се залепи за животот што беше неверојатно за екипата на доктори која беше околу него, пркосејќи и на навидум бескрајната низа на опасни по живот проблеми.
“Тоа малечко човече можеше да се бори со сето ова што се случи. Неверојатно е колку е силен”, рече госпоѓа Рид, која научила да ги поднесува опасните по живот ситуации, речиси секојдневно.
Јаков сега тежи 2.260 грама, има папочна кила која понатаму ќе треба да се третира и проблеми со црниот дроб. Г-ѓа Рид мораше да се справи со немилите настани сама, бидејќи нејзиниот сопруг Тим го мачи инфекција на дишните патишта, која го спречува да се види со својот син.
“Сиот товар е на мене. Но додека моите мажи не бидат подобро, ништо не ми е тешко”, изјави оваа мајка.

Извор: Dailymail
6
4
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Кога отокот во бременоста е нормален, а кога е аларм?
Отекувањето на стапалата, глуждовите и дланките е чест симптом за врем...
Разлика меѓу природни и синтетички витамини
Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот, но ко...
Најдобри пози за зачнување, што вели науката
Кога паровите се обидуваат да добијат бебе, често се поставува прашање...
Апликации за следење овулација кои вредат
Следењето на менструалниот циклус и овулацијата денес е полесно од ког...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?