|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

macasmizla: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 9.4.2012
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: macasmizla

Датум на породување: 03.12.2010 година

Тип на породување: природно

Болница: Клинички центар Гинекологија Скопје

 

 

Некое внатрешно чувство ми укажуваше дека сум бремена. Нестрплива, направив еден тест ама беше негативен. По  два дена доцнење направив уште еден и ете, се појавија две црти. Бев пресреќна. Тоа го дознав на 09.04.2010  а на 11.04 .2010 ни беше годишнина од бракот. Немаше поубав подарок за нашата годишнина. Со сопругот веднаш отидовме на гинеколог и ми ја потврдија бременоста. Бевме најсреќни и таа среќа од тој миг до ден денес е се поголема и поголема...

Целата бременост беше прекрасна. Не ми се лошеше, си внимавав на линијата. Бев многу активна, насмеана, среќна. Постојано бев во друштво, секој ден уживав во прошетки. Постојано му зборувавме на моето стомаче, го галев, го мазев цели 9 месеци. Се поправив само 12 кг. Бременоста навистина ми беше период на уживање. Одев и на работа се до 9 месец, а сопругот ме опсипуваше со љубов и внимание. Помислата дека ќе си имаме бебе ме водеше цело време. Таа помисла ја правеше најубавата  насмевка на моето лице и радост во моето срце...

Ноќта на  02.12.2010 ( веќе влезена во 9 – ти месец) чекавме друштво на гости и наеднаш ми дојде некоја топлина, ми се вцрви лицето и почувствував мала болка во кичмата. Веќе чувствував дека тоа е знак за големиот момент кој го очекував многу опуштено со голема радост, бидејќи конечно ќе си го видам бебето и ќе си уживам со него. Си седев цела вечер со гостите имав само тапа болка, не силна. Откако си заминаа отидовме на клинички. Ме проверија и рекоа дека сум 2 прста отворена, но рано е. Терминот ми беше 12.12.2010.  Си заминавме дома и болките исчезнаа, но во спиење во утринските часови - во 3 часот почувствував како ми пукна водењакот. Веднаш го разбудив сопругот и малку панично заминавме во болница. Ме примија, но јас немав никакви болки па ми рекоа дури утре ќе ме породат. Се сместив и си размислував дека кај и да е ќе се породам. Кога се раздени дојде  доктор Кочовски со кого бев договорена за породување, но бидејќи немав болки ми рече да си седам, кога ке заврши со итните ќе ме породи. Смешна ситуација: сите трпат болки, ги гледам, само нешто ги прашувам, а јас си лежам и читам списанија. Доаѓаше сопругот со него седев, само чекавме кога ќе ме породат, а болки никакви. По 21 часот, откако се изнаседов во болница ме викнаа горе, ми ставија инјекција за контракции и почнав да добивам мали болки во кичмата. Докторот ми кажа кога ќе бидат појаки како да застанам и како да дишам. Бев многу смирена и концентрирана, единствена мисла ми беше дека ке си држам бебе уште неколку часа, принцезата моја ќе дојде на свет.

Болките стануваа појаки ама јас многу смирено ги доживував, дишев правилно, читав постери што беа на ѕидовите. Ме викна докторот да провери колку прсти сум отворена и ми рече да одам на бокс бидејќи бев отворена девет прсти. Не ми се веруваше, се си беше толку смирено. Ми покажа каде е боксот и како да дишам, да почекам да се породи пред мене една па ќе дојдат кај мене. Ги чекав и си дишев правилно, го молев само Господ да биде со мене. Дојдоа докторите и за 10 минути се породив. Докторот викаше дека сум чудо од трудница, бев многу послушна, како ми кажуваа така правев. Го слушнав плачот на мојата принцеза.

Во деветтиот месец плодот  се намести карлично. Малку ме плашеше како ќе биде породувањето, но ете кога Господ е со вас - и карлично ја родив по природен пат, најлесно на свет - ПОРОДУВАЊЕ КАКО ПЕСНА.

Се роди во 23:50 на ден 03.12.2010, со 2940 гр , 50 см долга. Веднаш го знаев нејзиното име – МАРИЈА – бидејќи се роди во очи на празникот Богородица Пречиста. Уф, тој момент кога ми ја дадоа во прегратка, толку мила, мирна, само ме гледаше со очињата.

Нема ништо поубаво на светот од тој момент. Колку е убаво да си МАЈКА! Господ ме благослови, беше со мене цела бременост и ми даваше некоја чудна енергија и сила. Веднаш се јавив на сопругот, на сите најмили. Зборував многу опуштено, не им се верувасе дека сум на бокс сеуште, дека поминале само 15 минути од породувањето.

Се беше чудо, се. Од тој момент, еве 15 месеци уживаме со нашата принцеза. Таа беше најмирното бебе, на кое не му слушнавме плач, кое нон стоп спиеше. Едвај чекавме да се разбуди за да и ги видиме очињата. Си остана спанка до ден денес, но сега е веќе кукла најубава, која е многу темперамента, интересна, брбливка уште од 8 месец. Трчка, оди уште од 11 месец - девојче на кое сите се воодушевуваат, девојче кое има посебна насмевка, препознатлива, најубава на цел свет. Таа е нашата среќа, нашиот живот, нашиот најскапоцен дар. Со неа животот ни стана уште, уште поубав. Секој ден нова авантура, нова возбуда, игра и смеа. Таа е гордоста наша, а јас сум најгорда мајка. Љубовта на мојот сопруг и смеата на Марија, нејзината прегратка го топат моето срце од љубов и среќа.

Марија е АНГЕЛ!

 

 

Рингераја и посакува среќно детство на Марија !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Нега на кожата и косата во бременоста
Турбулентните хормонални активности оставаат трагови на кожата и косата на трудниците, што може да предизвика опаѓање и ...
3
Намалете ги утринските мачнини со...
Утринските мачнини претставуваат проблем кај повеќето трудници. Додека едни чекаат да им помине нагонот за повраќање сам...
3
Правилна исхрана во 1-то тромесечие од бре...
Здравите промени во исхраната на почетокот од бременоста ќе ви бидат од корист и вас и на бебето. Прочитајте ги нашите с...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?