Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Некои деца ги цицаат палците уште пред раѓањето, затоа што тоа им дава сигурност. Додека бебето цица (кога мајката го дои или кога пие од шише) за да се нахрани, тоа има одредени сензации на пријатно искуство, поврзани со чувство на ситост и нежност.
Причина за оваа лоша навика
За мал број деца цицањето прсти може да биде само начин да се ослободат од чувството на глад. Околу 70-90% од доенчињата цицаат прсти (најчесто палецот), но многу од нив постепено самите од себе се откажуваат од оваа навика на возраст помеѓу 3-6 години. Обидувајќи се да ги објаснат причините за цицањето прсти кај децата, психолозите укажуваат на тоа дека децата бараат начин и понатаму да го продолжат смирувачкото и добро искуство кое им го овозможува доењето, со тоа што ја формираат навиката за цицање прсти или палец. Цицањето прсти за некои деца станува замена за задоволство и сигурност. Во останатите случаи тоа не е ништо друго освен навика, понекогаш дури формирана и пред раѓањето без некоја особена причина. Доколку приметите дека навиката станува поинтензивна секогаш кога детето чувствува дека неговата сигурност е загрозена, тогаш е сигурно дека цицањето прсти е од емоционална природа.
Кога цицањето прсти станува проблем?
Иако цицањето прсти е нормална навика, тоа може да предизвика сериозни проблеми на забите доколку трае подолго односно до никнувањето на трајната дентиција. Поблемот станува сериозен доколку се пролонгира и после возраст од 4-5 години.
Резултати од цицањето прсти
Цицањето прсти може да предизвика тескоба (премногу збиени заби), заби изникнати вон забниот низ и проблеми со загризот. Детето исто така може да има проблеми со говорот или со голтањето. Разделени и изникнати нанапред се најчеста положба на предните заби предизвикана од оваа лоша навика. Тоа може да влијае и на изгледот и да предизвика емоционални проблеми кај детето. Во некои случаи цицањето на прстите може да се замени со други опасни навики на гризење предмети или грицкање на усните.
Доколку детето покажува силна тенденција за цицањето прсти, пожелно е да се замени оваа навика со помош на цуцла, затоа што полесно може да се одвикне детето од цицањето цуцла отколку од цицањето прсти.
Како да се спречи оваа лоша навика?
Родителите премногу рано почнуваат да се загрижуваат како да го одвикнат своето дете од ваквата навика. Се препорачува да не се настојува да се убеди детето да престане со цицањето прсти пред 4 –та година (освен ако не се видливи сериозни проблеми) затоа што тоа може да има спротивни резултати. Обични децата како што растат, постепено престануваат со оваа навика. Доколку не престанат, во продолжение Ви предлагаме неколку едноставни начини како да го убедите своето дете да престане со оваа лоша навика.
д-р Кристина И. Стојаноска-Алоска
доктор по стоматологија
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Заздравување од ушна инфекција кај децата
Инфекциите на увото се една од најчестите здравствени состојби кај дец...
Водич за подготовка на домот по породување
Породувањето е еден од најубавите, но и најпредизвикувачки моменти во ...
Најефективни вежби за топење на маснотиите на стомакот
Сите сакаме рамен и затегнат стомак, но прашањето е: дали постои вежба...
Намирници што заситуваат, а имаат малку калории
Кога сакаме да ја контролираме тежината или да го подобриме здравјето,...
16 рани знаци на бременост што можат да ве изненадат
Многу жени се прашуваат дали одредени симптоми значат дека се бремени,...