|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Спиење заедно со бебето

Редакција Рингераја, 19.7.2022
Кога е темно, бебето чувствува преку допир и мирис. Затоа бебињата имаат потреба да се блиску до мајчината прегратка, посебно ноќе, кога не можат да гледаат.

image
/11


Мајките исто така имаат потреба бебето да биде до нив преку ноќта. Тоа е правилен начин за задоволување на потребите на бебето. Спиењето со него Ви дава повеќе време за телесна врска. Дополнителната стимулација на неговите сетила му помагаат на бебето да има правилен емоционален и психички развој. Спиењето со бебето е природен начин да му подарите нежност и утеха. Тоа му дава чувство на безбедност и припадност дури и кога спие.

Кога бебињата би имале можност да избираат, повеќето би претпочитале да спијат со своите мајки. Тоа е природен начин на грижа за бебето, преку ноќта. Пред многу години педијатрите препорачуваа бебето да спие во посебен кревет, одделено од родителите. Во последните 15 години беа направени споредби меѓу бебиња кои спиеле со своите родители и оние кои биле одделени од родителите во текот на ноќта.  Во обид да го минимизираат процентот на SIDS (sudden infant death syndrome), беше направено сериозно истражување во многу земји, за местото на спиење на бебето. Тоа овозможи да се откријат предностите на спиењето во заеднички кревет со родителите и да се добијат упатства за безбедно спиење заедно со бебето.

Доењето и спиењето во заеднички кревет исто така одат заедно. Се повеќе се обрнува внимание на придобивките од доењето и тоа, само по себе, подразбира поголема близина на мајката и бебето во текот на ноќта. Ако бебето го храните со шишенце, ноќта е прекрасен период на чудесен начин да му дадете нежност и љубов на Вашето дете.

 

Придобивки од спиењето во ист кревет со бебето

Особено за време на првите денови и седмици, по враќање од породилиштето, препораките да се остави бебето во посебен кревет се погрешни. Спиењето во ист кревет го потсетува бебето на неговата опстојба во Вашата утроба. Дваесет и четири часовната врска меѓу мајката и новороденчето е гарант за успешно доење и природен имунитет на бебето. Сите цицачи инстинктивно спијат со своите бебиња. Спиејќи заедно со бебето му помагате побрзо да се адаптира на надворешната средина, да се чувствува сигурно, сакано и заштитено. Спиењето заедно со бебето им помага и на родителите да спијат спокојно. Поудобно е лежејќи да го нахраните бебето, без потреба за таа цел да станувате од кревет. Комплетниот одмор ноќе Ви овозможува да добиете повеќе енергија за игра и активности во текот на денот.

Физичката блискост меѓу мајката и бебето, во текот на ноќта, помага во лачењето на мајчиниот хормон пролактин. Тој го потпомага и го стимулира производството на поголема количина млеко. Физичката близина на мајката му овозможува на бебето да се храни по барање, деноноќно, што му овозможува на бебето оптимална исхрана и развој. Високото ниво на пролактин, поддржано со неограничено доење, исто така помага да се потисне можноста за овулација и зачнување, пред да се подготвите за нова бременост.

Истражувањата покажуваат дека мајките кои спијат со бебињата во ист кревет, побрзо одговараат на нивните потреби, отколку ако бебето е во своето креветче и во својата соба. Мајчинскиот инстинкт станува посилен кога бебето е до неа, мајката е поспокојна, но и попретпазлива ако бебето е во опасност.

Бебињата немаат способност, како возрасните, самостојно да ја регулираат телесната температура. Блискоста на мајчиното тело и неговата топлина, осигурува доволна топлина за бебето преку ноќта.

Бебињата се склони да спијат повеќе и помала е веројатноста да се будат во лесните фази на спиењето. Комфорот кој го чувствува од мајчината близина ќе му овозможи на бебето да направи премин од лесен код подлабок сон, без да плаче и да има потреба од дополнително успокојување.

Мајчините циклуси на спиење се менуваат така да одговараат на бебешките. Тоа им помага на мајките да реагираат брзо на детскиот плач. Најчесто, мајката е способна да предвиди будење на бебето во лесна фаза на спиењето и да го утеши и повторно да го успие со нежно поставување на раката на неговото главче, или со доење, пред тоа целосно да се разбуди и да заплаче. На овој начин бебето заспива брзо, а тато воопшто не е обеспокоен:)

Детето кое спие со родителите од своето раѓање, се чувствува спокојно и безбедно ноќе и нема причина за појава на ноќни стравови. Оваа безбедна средина во текот на ноќта му овозможува на детето да направи безболен премин кон самостојно спиење и ги спречува детските кошмари. Во моментот кога ќе почувствувате дека бебето има намалена потреба за цицање, во текот на ноќта, тогаш е време да го одделите да спие самостојно.

Бебињата кои спијат со родителите се помалку подложни да формираат зависност кон одредени предмети, цуцла-лажачка, шише, плишано мече, парче ткаенина или цицање на палец. Нивната потреба за утеха и заштита е задоволена со присуството на родителите.

Спиењето со бебето и помага на мајката да ја ублажи својата загриженост и потребата за детето, ако е отсутна во текот на денот.

За сето ова да биде спроводливо во пракса, треба да обезбедите доволно голем кревет во кој ќе има доволно место за сите Вас, каде ќе можете комфорно да ја поминете ноќта. Не се препорачува да се покривате со ист покривач со бебето. Користете одделни покривачи. Запомнете го златното правило: на бебето му се потребни 20 минути за да заспие подлабоко. Најверојатно ќе продолжи да спие, ако не се разбуди во текот на првите 20 минути.

Добар сон!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Љубовта меѓу мајката и бебето
Научниците кои се занимаваат со развојот на децата, откриле кои физиолошки и хемиски фактори допринесуваат во развојот н...
6
Егзема или атопичен дерматит
Егзема или атопичен дерматит е воспаление на кожата предизвикано од комбинација на наследни фактори и одредени надворешн...
5
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Кувар за бебе: Кашичка од цвекло и сусам
Кашичката од цвекло ќе му биде примамлива за јадење на секое бебе заради својата интересна боја. Можете да ја воведете в...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?