namesp во 10:11
lale: Мојата породилна приказна
Редакција Рингераја, 16.8.2010Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.
ВАШИОТ момент на породување!
Детали
Ник: lale
Датум на породување: 05.05.2009 година
Тип на породување: природно
Болница: ГАК
Здраво драги мои Рингерајки, денес читајќи ги вашите породилни приказни решив и јас да ја споделам со вас мојата приказна.
Вака започнува, краен термин за породување ми беше 13.05 но јас воопшто не сакав да се породам на таа дата и се смеев дека ке се породам на 05.05 и така излезе.
На 04.05 во 9 часот станав од спиење и почуствував млаз, но не обрнав внимание зашто немав никакви болки, си сменив долен веш и повторно си легнав. Сум заспала пак. Потоа станав во 13 часот и пак исто, но јас пак исто сменив долен веш и си почнав со обврските, ставив ручек да си правам. Кога дојде мажот ми од работа во 16 часот му кажувам што ми се случило и тој возбуден ми вика ајде да одиме во болница, а јас пак му викам "Ајде да ручаме па ке одиме". Така и направивме, ручавме и отидовме. Бевме најпрво кај мојот матичен гинеколог за да земам упат за во болница. Тој ме прегледа и ми даде упат и ми рече дека ми е пукнат водењакот и дека треба одма да одам во болница. Од кај матичниот со сопругот се упативме во ГАК и таму ме прегледаа и ме задржаа на паталошка бременост. Беше 19 часот јас немав никакви болки, а не бев ни отворена. Таму ми земаа крв, ми направија ЦТГ, ехо, се беше во ред со мене и со бебето и ми рекоа да мирувам, дека во брзо време нема да се пораѓам. Така и направив, цело време бев смирена но воедно и во исчекување и со нетрпение го чекав породувањето за да си ја видам мојата принцезичка, да си ја прегрнам цврсто и да си ја бакнам.
Чекав јас така и следниот ден во 16 часот ме качија на одделение. Најпрво пополнував генералии, потоа следуваше подготовка(средување за породување). Потоа ме приклучија на ЦТГ и ми дадоа инфузија(декстроза). Така јас си лежев без болки со два прста отворена, со пукнат водењак во исчекување на најголемиот чин породувањето и првиот контакт со бебето. Откако истече инфузијата во 18,30 часот, ми дадоа инфузиони провокации и во 19.00 почнав да добивам контракции. Кога дојде докторката да ме прегледа ми кажа дека сум се отворила 5 прста и дека каде и да е породувањето ќе почне. Јас бев видно возбудена, но морам да напоменам дека имав и мала доза на страв како ќе помине сето тоа. Не помина ни пола саат мене болките почнаа да ми се зголемуваат и контракциите да растат. Повторно дојде докторката, ме прегледа и бев отворена десет прсти, ми го тргнаа ЦТГ-то и ме однесоа на бокс. Почна породувањето. Ми кажаа како да дишам, како да давам напони. Ми рекоа да бидам смирена и се ке биде во ред. Така и направив, дадов еден напон, друг напон и бебето излезе, воопшто не се мачев. Ми направија епизотомија(мал рез). Кога излезе бебето почна да плаче, јас бев многу возбудена и полна со емоции. Ми го дадоа бебето во прегратка, а јас силно ја прегрнав и почнав да ја бакнувам. Потоа ја однесоа да ја средат, а јас останав на бокс да ми излезе постелката и да ме сошијат. Се помина најдобро во најдобар ред, ништо не почуствував додека ме шиеја, бидејќи имав локална анестезија. По два часа ме симнаа мене и бебето во апартманите. Јована беше цело време со мене, постојано ја држев во прегратка, ја бакнував и му се радував на тоа прекрасно ангелче. По три дена лежење во болница не пуштија дома. Заврши и оваа авантура. Како еден заклучок од мојата приказна јас поминав супер на породување, немав некои големи болки, освен оние вообичаени што следат и што се нормални. Затоа драги мои Рингерајки одете на породување со позитивни мисли и со позитивна енергија. Слушајте ги советите на сестрите и докторите. Само напред, со лесно на сите што го чекате овој најубав чин во вашите животи.
Поздрав од вашата Рингерајка Лале!
Рингераја и посакува среќно детство на Јована !
Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?
Прочитајте како во статијата Породилни приказни.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладување со освежителни пијалаци, едноставно време за ужи...

Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат или не се сигурни дали се веќе бремени е појавата на...

Првото движење на фетусот е повод за неверојатни емоции кај идната мајка. Во исто време е и повод за вознемиреност - тр...

Ова е класична поза за бременост: трудница која го гали стомакот, со насмевка на Мона Лиза на лицето
