|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Кинеската традиционална медицина, но и современата потврдуваат дека е многу важно во кој период од денот јадеме, и колкаво количество на храна внесуваме.

image
/11


 

Многу често не водиме сметка за тоа кога јадеме, па поради тоа имаме проблем со стомакот, долгорочно гледано со прекумерната тежина и со здравјето. Кинеската традиционална медицина, но и современата потврдуваат дека е многу важно  во  кој период од денот јадеме, и колкаво количество на храна внесуваме.

 

Кога желудникот работи максимално?

Заклучено е дека желудникот најмногу работи наутро меѓу 7 и 9 часот. Тогаш би требало да се јаде и да му се даде на желудникот  храна која тој најдобро би ја искористил. Затоа  се случува ако малку или доцна појадуваме веќе околу 11 часот да бидеме гладни.

 

Кога желудникот работи најбавно?

Стручњаците тврдат дека желудникот одмара меѓу 19 и 21 часот и тогаш не треба да се јаде. Се препорачува да вечерате околу 18 часот и тоа да биде помала порција лесна храна. Ако од објективни причини не можете да вечерате во 18 часот, тогаш тоа нетреба да биде после 20 часот. Советот е оброкот да биде помал и полесен колку што подоцна се вечера. Во спротивно, кога навечер ќе се најадеме, тоа  за нашиот стомак е напор како да не разбудил некој на сред ноќ  за да трчаме.

 

Кога треба да се појадува?

Најоптимално време за појадок е 40-тина минути по станувањето. Веднаш по станувањето на нашите органи  им треба време да се разбудата и расонат.  Органите за варење почнуваат да работата и првото што го прават е „детоксикацијата“. Кога тоа ќе го завршат, тогаш е време за појадок за да им дадеме„ гориво“. Доколку одложиме или го прескокнеме појадокот, желудникот го тераме  да  работи „напразно, или да се јаде себеси“.

 

Дали треба да се јаде секој ден во исто време?

Пожелно е секој ден да се јаде во приближно исто време бидејки организмот се навикнува на ритамот и тогаш желудникот и другите органи за варење се подготвени за храна и правилно ја обработуваат. Нередовната исхрана само  го „збунува“нашиот дигестивен систем, така што тој лачи сокови во одреден период, а ние го оптоваруваме  во некој  друг период.

 

Колку храна треба да се изеде?

Количеството храна е индивидуална, но кога редовно јадеме, тогаштреба и да одредиме количество храна кое можеме да го изедеме. Доколку еднаш јадеме малку, а другит пат многу – тогаш го шокираме желудникот и го тераме неправилно да работи.

 

Колку пати дневно треба да се јаде?

Стручњаците препорачуваат четири до пет помали порции дневно. Тоа подразбира три поголеми оброци (доручек, ручек, вечер) и две ужинки (помала порција десерт или овошје).

 

Што да правите за викенди и празници?

Деновите од викендот и празниците треба да се користат за дружење, за здрава нискокалорична храна, за прошетка и одмор, а  никако за консумирање на големи количества храна и прејадување со што само создаваме услови за претерана дебелина.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Самохрани родители
Да се биде самохран родител е тешко и стресно, без оглед на фактот дали родителот сам решил да се разведе, односно дали ...
4
Совети за заштита од ешерихија коли
Во Македонија досега не е регистриран ниту еден случај на заболување од ентерохеморагична ешерихија коли, но ризикот сек...
4
Што му треба на бебето веднаш по раѓањето?
Првите минути и часови по раѓањето се исклучително важни за новороденчето.
3
Препораки за исхрана на детето до 1 година
Ексклузивно доење се препорачува во првите шест месеци, но најновата препорака на СЗО е да се започне со воведување на д...
3




Анкета

„Намаз“.
пеперутка16

Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?