|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Календар на вакцинација

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцината е преслаба да предизвика болест, но сепак го поттикнува телото да создава антитела кои во иднина ќе го штитат од тие болести.

image
/11


Зошто е неопходна вакцинацијата на новороденче?

Некои родители сметаа дека вакцинацијата е опасна за нивното дете или мислат дека болеста е толку ретка, па нема потреба детето да се вакцинира. Меѓутоа со зголемениот број на невакцинирани деца, расте и можноста за појава на некои тешки заразни заболувања. Целта на вакцинирањето не е само да се заштити вашето дете, туку некои болести да се искоренат на глобално ниво.

Какви симптоми се јавуваат по вакцинирањето?

По вакцинирањето детето може да крене температура во наредните 24 часа, па затоа треба да проверувате и во случај да треба на детето да му се даде препишана доза парацетамол. На местото каде е ставена вакцината може да се појави цврсто топче, кое со времесе губи и немојте поради тоа да се грижите. Доколку се појават било какви чудни симптоми, како температура над 38° C, чудно плачење кај детето, обавезно јавете се на доктор.
Конкретно кај Ди Те Пер вакцината: во првите 24 часа, а најмногу 72 часа се јавуваат општи реакции како вознемиреност, плачење, зголемена температура или поспаност.

Конкретно кај МРП вакцината: втората недела по приемот на вакцината детето може да добие благосип по лицето и телото, зголемени лимфни жлезди на вратот, краткотраен скок на температурата.

Самата постапка на примање на вакцина

Детето држете го цврсто.Ќе се чувствува посигурно, доколку силно го прегрнете, а нема да може и да се размрдува. Докторот вакцината му ја става во надлактицата или кај бутчето.

Која  вакцина кога се прима?

Веднаш после раѓање сите новороденчиња во рок од 24 часа примаат вакцина против туберкулоза и вакцина против жолтица, т.е хепатит Б. Ревакцина против жолтица има во вториот и шестиот месец. Со полни два месеци се започнува со вакцинација против хемофилус инфлуенца тип Б, која што за прв пат кај нас е воведена од први септември 2009 година, која се дава со полни два месеци, во третиот и петтиотмесец. На три месеци се дава вакцина против дифтерија, тетанус, бела кашлица и детска парализа. И овие вакцини се повторуваат на секои 45 дена. На една година продолжува вакцината за мали сипаници, заушки и рубеола. На година и половина се прима ревакцина против дифтерија, тетанус, бела кашлица, детска парализа и вакцина против хемофилус инфлуенца тип Б. На 4 години децата се ревакцинираат против дифтерија, тетанус и бела кашлица, на 7 се ревакцинираат од дифтерија тетанус и се вакцинираат против туберкулоза, се дава и вакцина против морбили, рубеола и паротит, а во 8 одделение се дава ревакцинација против туберкулоза, дифтерија и тетанус, а за девојчињата и ревакцинација против рубеола. На 18 годишна возраст се врши последното ревакцинирање против тетанус. Сите овие вакцини неопходно е децата редовно да ги примаат за да се заштитат од болести, но и да ги искористат паричните бенефиции од државата.

 

КАЛЕНДАР НА ВАКЦИНАЦИЈА 2019 година
kalendar 2019
2
 
Бебето треба да спие со мајката до третата...
Бројни истражувања покажале дека срцето на бебето е под многу поголем стрес ако треба да спие само
39
Причини да не примате гости по породувањето
Кога во семејството ќе се појави нов член, сите блиски чекаат со нетрпение да го видат и да го подржат во раце. Но сепак...
38
Како се менуваат градите по бременоста
Градите после породувањето, дали доите или не, се соочуваат со промени неколку месеци откако ќе се породите. Овие промен...
18
Грешки кои ги прави секоја мајка по породу...
Дали за прв пат станувате мајка? Оваа промена макар и радосна, може да биде и многу стресна за вас. Загриженоста околу д...
16


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Koe od slednite iminja vi e najubavo
lavche_oh

Eva Iva Ema

Iva (54%)

Eva (46%)


Број на сите гласови: 142

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!