|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како правилно да го масирате своето бебе?

Редакција Рингераја, 21.5.2026
Масажата на бебе е едноставна, нежна практика која може да помогне за смирување, подобар сон, подобра циркулација и зајакнување на врската помеѓу родителот и бебето. Клучно е да се изведува полека, со внимание и почит кон сигналите на бебето.

image
Фото:Canva/Нежен допир што ја зајакнува врската и го смирува бебето.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Кога е најдобро време?

  • Кога бебето е мирно и будно.
  • Не го масирајте веднаш после хранење. Почекајте 30-40 минути.
  • Пред спиење за релаксација.
  • Кога бебето не е болно или премногу вознемирено.

Масажата треба да биде пријатно искуство, не обврска.

 

Подготовка

Пред да започнете со масжа измијте ги рацете и стоплете ги. Собата треба да биде топла и тивка со удобна површина за масирање. Користете бебешко масло по потреба.

 

Основни техники за масажа

1. Нозете масирајте ги со нежни движења од бутот кон стапалото со лесно стискање и пуштање.

2. Кај стапала со кружни движења масирајте ги табаните, а прстите нежно.

3. Стомакот масирајте го со лесни кружни движења во насока на стрелките на часовникот. Ова може да помогне при гасови и грчеви

4. Рацете масирајте ги нежно со повлекување од рамо кон дланка и потоа масирајте ги прстите.

5. кај масажа на грбот бебето легнете го на стомак и правете нежни движења од вратот кон долниот дел на грбот.

 

На што да внимавате?

  • Секогаш бидете многу нежни при масажа.
  • Избегнувајте притисок на коските.
  • Не масирајте го го бебето ако плаче или се противи.
  • Следете ги реакциите на бебето.

Масажата треба да се прилагодува на неговото расположение.

 

Придобивки од бебешка масажа

Редовната масажа може да помогне во: подобар сон, намалување на грчевит, смирување и намалување на стресот, подобра циркулација како и зајакнување на поврзаноста со родителот.

 

Бебешката масажа не бара посебни вештини само нежност, внимание и трпение. Со неа му давате на бебето чувство на сигурност и љубов, што е најважно за неговиот развој.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Готвач за бебе
Овошни кашички од 6-8 месеци
4
Кога може бебето да почне да пие млеко?
Периодот на воведување на различни намирници кај бебето е една од најважните фази во неговиот развој.
4
Телото по породувањето не е исто. Еве што ...
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хормонални промени. Потребно е време организмот посте...
3
Раст на заби
Што се млечни заби и кога се појавуваат?
3




Анкета

Koga?
Jana9

Koga bi birale kade bi sakale poveke da imate imot?

Na planina (0%)

Na more (33%)

Na nekoe mirno mesto (67%)

Na nekoe frekfentno mesto (0%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!