Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Додека ги разгледувате теглите мед на полицата, тешко е да го препознаете оној вистинскиот, чистиот и сто процентниот. Но, постојат неколку начини со кои можете да утврдите каков мед сте купиле.
Проверете ја етикетата
Ќе се запрепастите колку луѓе кои купуваат воопшто не ја гледаат етикетата на производите. Можеби и вие сте едни од нив. А потоа кога ќе платите и ќе дојдете дома, ќе сфатите дека сте купиле нешто што не сакате. Проверете ја етикетата и листата на состојки на неа. Можеби производот има адитиви?
Купувајте кристализиран мед
Кристализираниот мед е секогаш чист. Ако сакате во потполност да бидете сигурни дека ќе купите чист мед, најсигурен начин е да купите кристализиран мед, иако можеби не ви изгледа убаво и привлечно.
Тестирајте го медот
Ако на етикетата стои дека е чист, постојат едноставни тестови со помош на кои можете да ја проверите неговата чистота. Еден од тие начини е во чаша со ладна вода да ставите една лажица мед. Ако медот е нечист, ќе се растопи во вода. Најчест додаток на медот е сирупот, кој се растопува. Ако медот е чист, масата ќе се држи заедно и ќе потони на дното на чашата.
Друг начин да го тестирате медот е со помош на пламен. Потребна ви е восочна свеќа со памучен фитил. Во стаклен сад ставете малку мед и натопете го памучниот фитил од восочната свеќа. После тоа обидете се да го запалите фитилот. Ако гори, имате сосема чист мед. Ако не гори или гори многу слабо и притоа потпукнува, тоа е заради присуството на вода.
Трет начин е тестот на апсорпција. Ставете неколку капки мед на хартија која впива, на салфетка или на хартиен чаршав. Гледајте што ќе се случува. Ако хартијата го впива медот, не е чист. Ако медот останува на површината, тогаш е чист. Ако немате хартија тогаш може да ви послужи и бела памучна крпа. Ставете на крпа малку мед, а потоа измијте го. Ако на крпата останала некаква трага, медот веројатно не е чист.
7
5
4
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто генетското советување е важно за некои парови?
Планирањето семејство не е само емоционална одлука, туку и важен чекор...
Улогата на доењето во создавање емоционална поврзаност
Доењето често се гледа првенствено како начин на исхрана, но неговото ...
Сe за сите, ништо за себе: тивкиот предизвик на мајките
Во периодот по раѓањето на детето, многу мајки несвесно влегуваат во о...
Што е „согласност“ и зошто е клучен дел од интимноста?
Во разговорите за врски и интимност сe почесто се споменува терминот с...
Пубертет кај децата, што да знаат родителите?
Пубертетот е важен и чувствителен период во развојот на секое дете. То...